Connect with us

Домашни банки

Global Finance ја прогласи Комерцијална банка за „Најдобар FX Провајдер во Северна Македонија за 2020 година“

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Најдобар FX Провајдер во Северна Македонија за 2020 година“ (најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во земјава) од страна на светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД.

Ова е деветто по ред признание за најуспешно работење на Комерцијална банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Северна Македонија, доделено од Global Finance.

Изборот за најдобар FX Провајдер на финансиските пазари во земјава е направен врз основа на неколку критериуми, кои вклучуваат: големина на трансакции, пазарно учество, обем на глобална покриеност, ниво на услуга кон клиентите, конкурентни цени и користење иновативни технологии. Наградата е уште една потврда за високиот квалитет на услуги кои Комерцијална банка ги нуди и за богатата понуда на финансиски инструменти, како и за конкурентноста и лидерската позиција на Банката во областа на тргувањето на домашните и на глобалните финансиски пазари.

Домашни банки

Започна интеграцијата на Шпаркасе банка и Охридска банка предводена од Ассеко СЕЕ

Објавено

на

Ассеко СЕЕ доби комплексен проект во Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје со чија имплементација се очекува две од најдобрите пет банки во Северна Македонија, Шпаркасе Банка и Охридска банка да се спојат во една банка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Од 21.09.2020 година (понеделник) Шпаркасе Банка ќе прифаќа фактури само во хартиена форма

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија ги известува сите деловни партнери и соработници дека Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба престанува со важност на 20.09.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка овозможува тргување со акции без провизија на денешниот „Инвеститорскиот ден“ на Македонска берза

Објавено

на

По повод одбележувањето на 25 години од основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје, Берзата денес одржува т.н. „Инвеститорски ден“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно