Connect with us

Останато

GDPR – Предизвик во финансискиот сектор

Објавено

на

Општата регулатива за заштита на личните податоци (General Data Protection Regulation – GDPR) стапи на сила на 25 мај 2018 година и беше донесена за да се унифицира заштитата на личните податоци во дигиталната сфера на подрачјето на ЕУ, како и во земјите кои обработуваат лични податоци за државјаните на ЕУ. Обврска за усогласување со регулативата имаат сите деловни субјекти, особено во оние дејности чии процеси вклучуваат обработка на лични податоци во секојдневното работење, како што се банки, осигурителни друштва, здравствени установи, туристички агенции, маркетинг компании, хотели  и други. 

Во финансискиот сектор се обработуваат големи количини на лични податоци, класифицирани како  чувствителни податоци, како на пример податоците кои се прибираат за заштита од перење пари. Голем предизвик во усогласувањето со GDPR за банките е да го најдат, евалуираат и категоризираат секој податок што се однесува на секој клиент, податоци кои често пати се чуваат во стотици бази на податоци. Банките треба да ги разгледаат податоците што ги имаат за своите клиенти и да видат колку од нивните клиенти се државјани на ЕУ и дали редовно ги користат нивните услуги. Таквите процеси воопшто не се за потценување, особено во периодот на прилагодување со новата регулатива. Имплементацијата на GDPR е доста сложен зафат кој бара пристап „чекор по чекор“ втемелен на заедничка визија на IT одделот, правниот оддел и извршниот менаџмент во компанијата во координација со офицерот за заштита на лични податоци.

Треба да се има во предвид дека GDPR им дава на корисниците право да бараат пристап до тие податоци и да добијат одговор во краток рок.  За да може секој деловен субјект да биде усогласен  со GDPR и да ја задржи таа усогласеност и во иднина, клучен фактор е систематскиот пристап кон управувањето со ИТ услугите, обезбедувајќи платформа за интеграција на повеќе бази на податоци и системи, како и сет на алатки кои ги автоматизираат процесите базирани на правила за контрола на пристап во зависност од  улогата на вработениот во компанијата.

Човечката грешка е значаен извор на нарушување на безбедноста на податоците, а вработените во банките честопати доаѓаат во контакт со лични податоци во текот на работењето. Затоа на вработените им е потребна многу поголема свест за важноста за законска и безбедносна обработката на податоците, како и за правилата на однесување кои мора да ги имплементираат. Вработените треба да ги следат правилата за да се осигура дека приватноста на податоците е вградена во кадровската култура, во прилог на обезбедувањето на континуитетот на работењето на банката.

Исполнувањето на обврските од GDPR значи дека многу системи и процеси ќе мора да се променат, како што се оние кои ги прикажуваат известувањето за приватноста и собирањето согласности, администрирањето на правата на потрошувачите, обработката на жалбите и инцидентите, како и правилата за споделување на податоците со трети лица. Вработените, особено оние кои директно комуницираат  со клиентите, мора целосно да се подготват за промените и да знаат каде да се обратат за помош.

Барањата за усогласеност со GDPR регулативата, наметнуваат потреба одредени деловни субјекти да назначат Офицер за заштита на личните податоци со полно работно време, кој ќе го следи и координира усогласувањето во сите процеси од работењето.

Во насока на поддршка на компаниите во процесот на усогласување со GDPR, Piperevski and Associates ќе ја организира првата напредна петдневна обука за „GDPR практичар и основите за Офицер за заштита на лични податоци“, која е планирана да се одржи од 17 до 21 декември 2018 година. Сите заинтересирани лица може да добијат повеќе информации ТУКА.

Останато

Grouper.mk прогласен за Најдобар Сајт за 2018 година во Македонија

Објавено

на

На доделувањето на наградите на манифестацијата „Сајт на годината“, која се одржа изминатава недела традиционално деветта година по ред, Grouper.mk беше избран за Најдобар Сајт за 2018 година во Република Македонија од страна на гласачите и комисијата. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

4 најважни блокчејн трендови за 2019 година

Објавено

на

Додека 2019 година е веднаш зад аголот, дојде време да се размислува за настаните од 2018 година, но уште поважно, да се разгледа она што следната година може да го донесе. Блокчејн технологијата ќе донесе уште многу изненадувања.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Национална конференција: Граѓаните воопшто не се запознаени со мерките за вработување

Објавено

на

Во 2018 и 2019 година во однос на 2017 година е намален износот на средства што се издвојуваат за спроведување на активните програми и мерки за вработување, односно за 44% или 437 милиони денари, рече програмскиот координатор Дарко Антиќ од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ на денешната национална конференција „Дали и колку граѓаните чувствуваат бенефит од спроведувањето на активните мерки, програми и услуги за вработување“. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange