Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

FT: Зголемувањето на просечната плата не се должи на зголемувањето на минималната плата, туку на сезонските ефекти

Објавено

на

Во февруари 2018, просечната нето плата во Република Македонија забележа значителен пад на месечно ниво од -3,6%, притоа одржувајќи го започнатиот тренд на годишен раст од претходно, од +3.6%. Претходно, во јануари 2018, годишниот раст изнесуваше 5,6%, поради што нето платата за првпат се искачи над 24.000 денари.

Значителниот пораст во јануари и значителниот пад во февруари 2018 година не се за изненадување. Уште при објавувањето на јануарскиот податок за нето платата, Finance Think укажа дека се работи главно за сезонски ефект, којшто се јавува вообичаено поради исплаќањето годишни додатоци на плата, а не се должи на порастот на минималната плата. Доколку се набљудува десезонираниот (долгорочен) тренд на платите (види Слика 1), тогаш тој е недвосмислено растечки, што делумно се должи и на порастот на минималната плата од октомври 2017, но конкретниот пораст на платата во јануари 2018 е во голема мера чист сезонски ефект. Во истата мера, значителниот пад на платата во февруари 2018 е, во голема мера, сезонски ефект (главно, поради пократок месец), и не се должи на потенцијално лоши економски фундаменти.

Притоа, за обележување е дека годишниот раст на платата во периодот јануари-септември 2017 година изнесувал просечно 2.5%, додека во периодот октомври 2017-февруари 2018, 3.7%. Разликата во овие две просечни стапки на пораст може да се припише на порастот на минималната плата. Но, особено е важно, засегнатите страни да не очекуваат дека порастот на минималната плата може драстично да се одрази врз пораст на просечната плата, односно наглиот пораст на просечната нето плата во јануари 2018 во никој случај не можеше да се толкува како последица на порастот на минималната плата.

Според ваквите движења, Finance Think очекува дека просечната нето плата за 2018 година, би се движела околу 24.000 денари.

Анализи

АНАЛИЗА: Зошто Тевдовски не го истрча финансискиот маратон до крај?

Објавено

на

Драган Тевдовски е омилен професор помеѓу студентите на Економскиот факултет. Во меѓувреме одлучи да се обиде и во политиката како Министер за финансии. Тој успеа за мошне краток временски период во Министерството за финансии да собере тим од доверба, кој ќе биде подготвен за спроведување на крупни и не толку популарни мерки кои ќе ја стабилизираат финансиската слика во државата. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Кој ќе добие максимален поврат на ДДВ!?

Објавено

на

Премиерот Зоран Заев заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, вчера го најавија стартот на проектот за поврат на 15 отсто од ДДВ кај граѓаните којшто ќе стартува од 1 јули. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

5 практични совети за намалување на потрошувачката на хартија

Објавено

на

Хартијата е еден од најраспространетите и најчесто употребуваните потрошувачки материјали во светот, и покрај растот во употребата на електронските средства за комуникација (интернет, компјутер, маил, телефон…).  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange