Connect with us

Анализи

Finance Think: Вакцинацијата заштеди најмалку 2,8 милиони евра во текот на делта бранот!

Објавено

на

Finance Think го објави Брифот бр.52- Вакцинацијата заштеди најмалку 2,8 милиони евра во текот на делта бранот!

Процесот на вакцинација во Северна Македонија започна на почетокот од март 2021 година. Тековно, преку 700.000 граѓани се целосно вакцинирани (со примени две дози вакцина), што претставува над 34% од вкупната популација (или блиску 50% од полнолетната популација).

Најмалку 190.000 (потврдени случаи) се заразија со Ковид-19, а преку 6.500 граѓани не успејаа да се изборат со болеста. И покрај значајниот процент на вакцинација и прележаност на болеста, сè уште голем дел од популацијата не е вакциниран. Дополнително, интересот за вакцинација против Ковид-19 опаѓа.

Индивидуалната загриженост за опасноста и ефикасноста на вакцините го надвладува согледувањето на општествената корист од вакцините. Невакцинирањето може да носи значаен трошок врз здравствениот систем преку стеснување на капацитетите за хоспитализација во случај на неконтролирано ширење на заразата.

ПРОБЛЕМ

Ковид-19 пандемијата ги стави на тест здравствените системи околу светот. Експоненцијалниот раст на новозаразени ги предизвика креаторите на политиките, од една страна, да ги адаптираат здравствените капацитети за да ги прифатат заразните на кои им е потребна хоспитализација, а од друга страна, преку разни рестриктивни мерки да го забават ширењето на заразата. По нецела година од започнувањето на пандемијата, креаторите на политиките добија нов адут за справување со пандемијата: вакцини против Ковид-19 од серија производители околу светот.

Масовната вакцинација претпоставува создавање колективен имунитет кој ќе го забави ширењето на заразата и, последователно, ќе го намали притисокот врз здравствениот систем преку помал број хоспитализации.

Ширењето на новиот делта сој на Ковид-19 и во земји со висок процент на покриеност со вакцинација ја поткопа вербата во вакцините и во нивниот ефект врз намалување на заразата и притисокот врз здравствените системи.

За да го анализираме ефектот од вакцинацијата, треба да одговориме на следното прашање: дали стапката на заразени и стапката на хоспитализирани ќе беа на истото ниво и без вакцинација?

Процесот на вакцинација во Северна Македонија започна на почетокот од март 2021 година.
Тековно, преку 700.000 граѓани се целосно вакцинирани (со примени две дози вакцина), што претставува над 34% од вкупната популација (или блиску 50% од полнолетната популација).

Најмалку 190.000 (потврдени случаи) се заразија со Ковид-19, а преку 6,500 граѓани не успејаа да се изборат со болеста. И покрај значајниот процент на вакцинација и прележаност на болеста, сè уште голем дел од популацијата не е вакциниран.

Паралелно, Северна Македонија проаѓа низ новиот делта бран на Ковид-19 и се наоѓа на опаѓачката траекторија
на кривата на новозаразени. Според податоците на Светската здравствена организација (Графикон 1), движењата на бројот на новозаразени и смртни случаи во текот на делта бранот наликуваат на движењата во текот на претходните два брана, што создава перцепција дека ефектот од вакцинацијата е минорен или непостоечки.

Графикон 1: Број на новозаразени (горе) и смртни случаи (долу) во Северна Македонија (на дневно ниво)

ЦЕЛ

Целта на овој бриф е да ја процени заштедата од вакцинацијата преку процена на нејзиниот ефект врз бројот на хоспитализации во Северна Македонија. Развиваме интуитивен теоретски модел кој го предвидува бројот на хоспитализации врз основа на два индикатори: бројот на новозаразени и бројот на починати.

Го калибрираме со цел минимизирање на грешката во предвидување на реалниот број хоспитализации до моментот на постигнување значаен процент на вакцинација и го користиме да го предвидиме бројот на хоспитализации во текот на вакцинацијата под претпоставка дека развојот на новите бранови на пандемијата се однесуваат на сличен начин како пред вакцинацијата.

ПОДАТОЦИ И МЕТОДИ

Следејќи ја студијата од Aleta et al. (2021), дефинираме модел што го предвидува бројот на примени и отпуштени (или починати) пациенти, а со тоа и бројот на зафатени кревети во болниците, врз основа на неделната инциденца на новозаразени и починати од Ковид-19.

Ја проценуваме веројатноста од нова хоспитализација по утврдување позитивен случај во текот на максимум две недели по заразувањето, како и веројатноста на отпуштање (или умирање) во текот на максимум две недели по
хоспитализацијата.

Користиме јавно достапни неделни податоци за бројот на новозаразени и бројот на починати прибрани од СЗО за периодот од првата недела на март 2020 до средина на септември 2021 година. Дополнително, бројот на хоспитализации на неделна основа ги извлекуваме од веб страната Covid-19 Treker (https:// covid-19.treker.mk/mk/stats).

Претпоставуваме дека секој бран на Ковид-19 има свои специфичности во поглед на односот на стапката
на смртност и стапката на хоспитализација. Дефинираме три периоди кои кореспондираат со развојот на соодветните пандемиски бранови: прв бран, почеток на јуни 2020 – средина на септември 2020, втор бран, втора
половина на септември 2020 – средина на декември 2020 и трет бран, втора половина на декември 2020 – средина на јуни 2021.

Иако, процесот на вакцинација започна порано, како период за проектирање на движењето на заразата и хоспитализациите го дефинираме периодот втора половина на јуни 2021 – средина на септември 2021.

Со цел да ги процениме економските користи од вакцината, правиме проценка на заштедите од хоспитализација, преку оценка на трошок кој би настанал доколку немавме вакцина. За таа цел, користиме апроксимација за цената на чинење на еднонеделна хоспитализација за пациент заразен од Ковид-19 како пондериран просек на цените за различен тип хоспитализација.

Според податоците од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), цените се разликуваат во однос на тоа дали пациентот е хоспитализиран во универзитетска или клиничка/општа/специјална болница и дали е на механичка вентилација. Според податоците од Ковид-19 Трекер, проценуваме дека околу 2,2% од вкупно хоспитализираните пациенти биле подложни на механичка вентилација. Дополнително, претпоставуваме дека половина од останатите пациенти биле хоспитализирани во универзитетска клиника, а другата половина во клиничка/општа/ специјална болница.

Резултатите укажуваат дека:

  • вакцинацијата спречила да се заразат дополнително околу 14.500 луѓе (или 148 повеќе новозаразени на ден) во текот на последните 3,5 месеци.
  • отсуството на вакцинација би придонело, кумулативно, до дополнителни 4.595 неделни хоспитализации (околу 328 хоспитализации повеќе, неделно). Според проценките, вакцинацијата ја намалила хоспитализацијата помеѓу 37,9% и 46,5%.
  • вакцинацијата ги намалила трошоците за хоспитализација за 170,8 милиони денари (2,8 милиони евра) во текот на последните 5 недели од делта бранот.

Деталите од анализата можете да погледнете овде.

Анализи

Триглав Осигурување Живот со најголем раст во сите сегменти на пазарот за животно осигурување

Објавено

на

Животното осигурување и во вториот квартал од оваа година забележува раст што е позитивен индикатор за движењата на пазарот за осигурување.

(more…)

Продолжи со читање

Анализи

ИНФЛАЦИЈАТА ВО СЕПТЕМВРИ 3,7 проценти – Цените на мало се зголемиле за 5,6 отсто

Објавено

на

Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември минатата година бележат зголемување од 3,7 проценти, а цените на мало од 5,6 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

ОД МЕСЕЦ ВО МЕСЕЦ РАСТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ – Трошоците на четиричлено семејство во август зголемени за 214 денари

Објавено

на

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули, покажуваат податоците од најновата синдикална кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија. (more…)

Продолжи со читање



Популарно