Connect with us

Останато

#FITRCLASSROOM: Иновации базирани на вештачка интелигенција

Објавено

на

Претставници од пет домашни стартап компании денеска, во новиот #FITRCLASSROOM, ќе дискутираат за предизвиците, идеите и можностите за развивање иновации од областа на вештачка интелигенција.

Вебинарот ќе почне во 19 часот, a сите заинтересирани ќе можат да го проследат во живо на Фејсбук страната на Фондот за иновации и технолошки развој. На настанот е предвидено да се обрати и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.

„Се поголемата примена на вештачката интелигенција (AI) во повеќе индустрии и ефектот кој оваа технологија го има врз глобалната економија, придонесе многу компании да почнат со инвестирање во проекти, во кои компјутерски систем извршува задачи и активности типични за човечкиот ум и способност. Токму на оваа тема ќе зборуваат претставниците на компаниите кои со поддршка од ФИТР успеаа да развијат успешни проекти од оваа индустрија: Светлана Кордумова Трајанова-Pixyle.ai, Христијан Ѓорески-Aidea Lab, Нино Карас-Codewell unlimited, Дашмир Истрефи-Hoyo Tech и Александар Савески од компанијата Si-mAInd”, најавува Фондот за иновации и технолошки развој.

Останато

Комората на сметководители се придружува на протестот на ТУК

Објавено

на

Комората на сметководители години наназад реагира на репресивната улога на Министерството за финансии и неговата улога во уништувањето на сметководствената професија. Структури од Секторот за финансиски систем од ова министерство, наместо да ги извршуваат своите работните задачи во интерес на граѓаните, за што земаат плата, делуваат низ призма на исполнување на своите лични интереси притоа загрозувајќи ја егзистенцијата на 10.000 професионалци од дејноста. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Маск загуби 5,6 милијарди долари за еден ден по падот на акциите на „Tesla”

Објавено

на

Акциите на компанијата „Tesla” на Илон Маск забележаа пад по информацијата дека две лица загинаа во несреќа со електричен автомобил на компанијата во текот на изминатиот викенд, пишува списанието „Forbes”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечна месечна нето-плата по вработен во февруари изнесува 27.948 денари

Објавено

на

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 102.7. (more…)

Продолжи со читање




Популарно