Connect with us

Анализи

“Fitch rating„: Референдумот ќе има влијание врз кредитниот рејтинг на Македонија

Објавено

на

Еден од најважните критериуми кој го користат рејтинг агенциите е политичката стабилност. Тоа го потенцираат и од една од најголемите меѓународни рејтинг агенции “Fitch rating„.

На прашањата какво влијание имаат евроинтегративните процеси врз кредитниот рејтинг на една земја и дали може се очекува позитивно влијание врз македонскиот кредитен рејтинг доколку граѓаните на претстојниот рефрендум изгласаат промена на името во Северна Македонија и зачленување во НАТО и ЕУ, од “Fitch rating„ упатуваат на последниот извештај за Македонија објавен во јули годинава, каде што се одредени и клучните фактори за рејтингот на земјата. Тогаш, „Фич” го потврди рејтингот на Македонија ББ, со позитивен изглед.

Во извештајот се укажува дека напредок е нотиран и кај фискалната транспарентност, чекорите за подобрување на деловниот амбиент за малите и средните претпријатија, прашањето околу името, одлуката на Советот на ЕУ за преговори за членство во јуни 2019, како и формалната покана од НАТО за зачленувањето на Македонија по решавањето на спорот. Во агенцијата нагласуваат дека успешно решение на спорот за името бара и промена на македонскиот устав за што ќе се одржи референдум.

Од „Фич“ потенцираат дека главните ризик-фактори кои индивидуално или колективно би можеле да доведат до подобрување на кредитниот рејтинг на Македонија се подобрување на стандардите на управување и понатамошно намалување на политичките ризици, како на пример низ подолгорочна политичка стабилност, имплементација на клучните институционални реформи и прогрес кон зечленувањто во ЕУ и краткорочна фискална консолидација со стабилизација на на јавниот долг како дел од БДП.

 

Анализи

Се поголем е бројот на банкари – милионери!

Објавено

на

Банките се едни од најпрофитните организации, како во светот, така и во нашата земја. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Македонците сеуште практикуваат плаќање во кеш, но тој тренд полека се менува

Објавено

на

Статистичките податоци на Народната банка за септември 2018 година покажуваат дека од вкупниот број трансакции реализирани со кредитни трансфери или приближно пет милиони, во хартиена форма се реализирани 2.896.599 трансакции, додека електронски 2.069.280. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?

Објавено

на

Со цел утврдување на статусот на жената во општеството, Банкарство спроведе истражување на тема ,,Жените во Управните одбори на банките во Република Северна Македонија”. Истражувањето ја опфаќа процентуалната застапеност на жените во Управните одбори на банките во Македонија, па за таа цел беа анализирани сите банки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange