Странски банки
„Fitch” го намали кредитниот рејтинг на „Credit Suisse”

„Credit Suisse” доби намалување на кредитниот рејтинг од реномираната компанија за кредитен рејтинг „Fitch”.
Ова е второ намалување на рејтингот за швајцарскиот банкарски гигант оваа недела, откако претходно истото го стори и „Standard & Poor’s”, додавајќи дополнителен притисок врз „Credit Suisse”. Банкарскиот гигант е под сериозни критики поради големите загуби кои ги бележи на последните финансиски извештаи, како и поради низата на скандали поврзани со оваа банка.
„Fitch” го намали долгорочниот кредитен рејтинг на „Credit Suisse” од „А-” на „БББ+” поради неисполнување на обврските, укажувајќи на слабостите во нејзината оперативна профитабилност, неефикасното реструктурирање во тешко пазарно опкружување, како и слабото управување со ризик.
„Намалувањето на рејтингот го одразува ставот на „Fitch” дека слабата оперативна профитабилност на „Credit Suisse” во споредба со врсниците го нагласува ризикот од извршување за време на реструктуирањето на групата во тешко пазарно опкружување и укажува на предизвиците за банката да ги зајакне своите перформанси во следните 24 месеци, како и за нејзиното управување со ризик“, се вели во соопштението на „Fitch Ratings” во средата.
Промената следи по намалувањето на рејтингот во вторник од страна на „Standard & Poor’s” (S&P), што го намали кредитниот рејтинг на банката на „BBB” од „BBB+”. „Fitch” соопшти дека намалениот рејтинг на „Credit Suisse” сега има „доволен простор за да издржи период на послаба профитабилност доколку групата ја задржи својата франшиза“, менувајќи ја својата перспектива во стабилна од негативна.
Странски банки
First Citizens Bank ја купува Silicon Valley Bank за 72 милијарди долари

Американската банка „First Citizens Bank” ќе ги откупи за 72 милијарди долари преостанатите кредити и депозити на „Silicon Valley Bank” (SVB), која беше преземена од американските регулатори поради банкрот на почетокот на месецот. (more…)
Странски банки
Се разгледуваат дисциплински постапки против менаџерите на Credit Suisse!?

Швајцарскиот финансиски регулатор (ФИНМА) објави дека размислува дали да покрене дисциплинска постапка против извршниот директор на „Credit Suisse”, откако втората по големина банка во Швајцарија минатата недела мораше да биде откупена од најголемата швајцарска банка, „UBS”, со цел да се избегне колапс на банкарскиот сектор. (more…)
Странски банки
Централната банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка

Централна банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 проценти, како чекор да обезбеди економска и финансиска стабилност во земјата, јави државната агенција АТА. (more…)
- Анализипред 3 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка
- Домашни банкипред 2 months
Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година