Анализи
„Finance Think”: Сивата економија во 2020 година намалена во однос на 2006 година

Сивата економија во 2020 година е намалена во однос на 2006 година, а најголемите намалувања се случиле за време на финансиската криза во 2009 година и по воведувањето на минималната плата во 2012 година, покажува најновото истражување направено од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think”.
Според наодите од истражувањето, во 2020 година уделот на сивата економија во БДП бил 23,2 проценти за разлика од 2006 година кога изнесуваше 31,6 проценти.
Забележливо е дека од 2013 година, уделот на сивата економија во БДП стагнира, а во пандемиската 2020 благо се влошува, што според „Finance Think”, е поради тоа што формалниот БДП доживел поголем пад во однос на неформалниот БДП.
Анализата вклучува две групи фактори со потенцијално значење за сивата економија и тоа даночните политики и политиката на минимална плата.
Во делот на даноците, констатацијата е дека каква и да било потенцијална реформа на директните даноци, првенствено на даноците на трудот, негативно ќе се одрази врз сивата економија доколку не е придружувана со зајакнати капацитети на даночните власти за прибирање на даноците и јакнење на даночниот морал кај населението.
Во делот за минималната плата, оценката е дека нејзиното воведување во 2012 година придонело за намалување на сивата економија, но анализата покажува дека зголемувањето на уделот на минималната плата во просечната ја стимулира неформалната економија. Препораката е дека неопходно е минималната плата да расте во согласност со продуктивноста на трудот, со паралелно јакнење на капацитетите за спроведување на регулативата во сферата на работните односи.
„Генерално, наодите укажуваат дека е неопходно дизајнирање политики за зголемување на продуктивноста на долг рок, и тоа преку создавање и стимулирање домашен конкурентен пазар преку релаксирање на регулативата и либерализација на трговијата, преку зголемување на квалификуваноста на работната сила преку реформирање на образовниот систем, преку насочување на средства кон истражување и развој, и преку зголемување на ефикасноста на јавната администрација за да се намали товарот врз приватниот сектор”, велат од „Finance Think”.
Анализи
Каде и колку купуваат онлајн Македонците со платежните картички во странство?

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ направи анализа на објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, од каде што може да се увиди дека Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2022 година потрошиле 156.2 милиони евра што што претставува пораст од 46,31% во однос на минатата година и учество од 28% од вредноста на вкупните онлајн трансакции. Ослободувањето на мерките поврзани со пандемијата секако се одрази на е-трансакциите кон странските земји, посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. (more…)
Анализи
Навика која ги издвојува успешните луѓе од останатите

Патот до успехот често е поплочен со голем напор. Милионерите и олимпијците подеднакво ја нагласуваат важноста да се надмине конкуренцијата и да се поместат своите граници. (more…)
Анализи
АНАЛИЗА: Стопанска банка АД – Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните во 2022 година

Според податоците на Народната банка за банкарскиот сектор во земјата за 2022 година, Стопанска банка АД- Скопје е банката која најмногу ги кредитирала граѓаните, односно домаќинствата. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје