Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Finance Think: Предлогот за зголемување на минималната плата да се одмери уште еднаш

Објавено

на

Зголемувањето на минималната плата за 16 отсто што го најави Владата треба да се одмери уште еднаш, велат од Институтот Finance Think.

Владата на Република Северна Македонија објави дека минималната нето плата ќе се зголеми на 14.500 денари од сегашното ниво од 12.507 денари, што претставува зголемување од 16%. Finance Think и понатаму опстојува на ставот дека нивото на минимална плата коешто е конзистентно со тековната продуктивност во економијата се движи до 13.500 денари.

До ваков наод доаѓа Finance Think во Студијата за политиките бр.17 од 2018 година: „Анализа на ефектите од измените во Законот за минимална плата

Сепак, порастот на минималната плата не треба да се гледа изолирано од другите потези на носителите на политиките. Поконкретно, предлог Законот за субвенционирање на платите предвидува ослободување од придонеси за делот од порастот на нето платите од 600 до 6.000 денари. Со овој предлог Закон, во одреден дел, се таргетира сузбивањето на „платата во плико“, за кој феномен Finance Think за првпат објави податоци и алармираше во текот на 2017 година. Finance Think го поддржува овој предлог Закон, иако укажа на нагласената потреба од негово значајно дооформување. Следниот инфографикон се однесува на таа тема:

Според податоците за платата во плико, во мај 2018 година, 69% од примателите на минимална плата добиле и плата во плико. Но, значаен дел од платата во плико се претворил во плата на сметка со претходното зголемување на минималната плата од септември 2017 (од 10.080 денари, односно 9.590 денари во секторите кожа, обувки и облека, на унифицирано ниво од 12.000 денари). Со овој потег, уделот на приматели кои примаат минимална плата и кои истовремено добиле плата во плико се преполовил на 33,6%.

Оттука, за 66,4% од примателите на минимална плата кои во 2019 година не добиле и плата во плико, предложеното зголемување може да биде неодржливо за работодавецот за износот кој го надминува продуктивното ниво проценето на 13.500 денари.

Од друга страна, за примателите на минимална плата кои истовремено добиле и плата во плико, следните се износите на плата во плико што ги добиле:

Оттука, со оглед дека само 15% од примателите на минималната плата добиле износ во плико кој е помал од предложеното зголемување на минималната плата (помал од 2.000 денари), тековното предложено зголемување нема да претставува товар за работодавците кои исплаќале и плата во плико и ќе претставува ефикасен механизам за формализирање на „платата во плико“.

Како заклучок, предложеното зголемување на минималната плата на 14.500 денари може да претставува значаен товар за работодавецот кај 2/3 од примателите на минимална плата, додека кај 1/3 ќе помогне за формализација на платата во плико.

Finance Think препорачува предлогот за зголемување на минималната плата да се одмери уште еднаш наспроти овие податоци за состојбите во економијата. Фокусирање врз продуктивноста на нископлатените работници и ефикасноста и технолошкиот напредок во компаниите кои исплаќаат ниски плати е најсигурниот пат за раст на економијата и платите.

Анализи

Предлог-буџет за 2020 вреден 3,9 милијарди – Дали е одржлив и на што најмногу ќе се троши догодина?

Објавено

на

Со Предлог буџетот за 2020 година растат социјалните трансфери, а ќе се одвојат повеќе пари за образование и здраство, ќе се зголемат платите на вработените во овие сектори, ќе се зголемат пензиите за 700 денари и ќе се плаќаат субвенции на бизнисмени за придонеси кои ќе ги зголемат платите од 600 до 6.000 денари. Според драфт верзијата на документот предвидено е и намалување на буџетскиот дефицит на ниво од 2,3% од БДП или 17.385 милиони денари во апсолутен износ. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Македонецот сака 565 евра просечна плата и вработување според знаења и вештини

Објавено

на

Порталот Vrabotuvanje.com.mk за време на првиот регионален онлајн саем за вработување во Македонија (Виртуелни денови за вработување 2019) спроведе истражување со цел да се откријат сличностите и разликите во условите за работа во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Ангеловска: Со Предлог-буџетот за 2020 година највисоки средства досега за човечки капитал

Објавено

на

Со буџетот за 2020 година се инвестираат највисоки средства досега за човечки капитал, односно: здравство, образование и социјална заштита. Министерката за финансии Нина Ангеловска на презентацијата на Предлог-буџетот за 2020 година рече дека вкупно 154 милијарди денари ќе се инвестираат во здравството, образованието и социјалната заштита, што е 64% од вкупните расходи или зголемување за околу 10 милијарди во однос 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange