Connect with us

Анализи

Finance Think: Наместо надувување на капиталните расходи, потребно е да се стави фокус на ефикасноста на трошењето

Објавено

на

„Finance Think” во својот коментар за ребалансот на Буџетот за 2021 година порачува дека тој претставува „најгломазниот план од постоењето на државата кој треба да овозможи постпандемиски поттик на економијата“, но сепак, според нив, ребалансот укажува на недоволна волја за кратење на непродуктивните трошења и зголемување на капиталните расходи вон можноста на институциите да реализираат капитални проекти и со значајно помал обем, како што беше случајот во претпандемискиот период.

„Капиталните инвестиции се клучниот фактор за стимулирање на економскиот раст на долг рок, кој пак ќе биде особено значаен во постковид периодот. Сепак, пандемијата предизвика значајни промени во фискалните капацитети. Од една страна се зголемија потребите за итни трошења за справување со кризата, а од друга страна се намалија приходите, што резултираше со пораст на буџетскиот дефицит и јавниот долг. Во таа насока, наместо надувување на капиталните расходи, потребно е да се стави фокус на ефикасноста на трошењето, но и на ефективноста, од аспект на приоритизација и инвестирање во капитални проекти кои ќе дадат најголем ефект и влијание за економскиот раст”, велат од „Finance Think” во коментарот и укажуваат дека веќе алармираа за тенденцијата на ребалансот од претходната година за ограничени кратења на непродуктивните трошења и сериозни резови или надувани трошења кај капиталните расходи.

Од таму додаваат дека во анализата што ја направиле на расходната страна на буџетот во динамичен контекст за последните шест години, со цел осознавање на сличностите и разликите на ребалансирањата низ годините, може да се забележи дека секое ребалансирање на иницијалниот буџет за избраниот период се движи максимум +/-1,5 отсто. Но, од друга страна, секој нов буџет бележи значајни стапки на раст во опсег од 4 до 8,6 отсто, освен во 2021, кога буџетот е помал од ребалансот од претходната година за 2,1 проценти.

„Последниот ребаланс е специфичен поради значајната нагорна корекција нетипична за изминатите години. Иако осцилациите во последните две години се предизвикани од неизвесноста во период на пандемиска криза, сепак значајни стапки на раст на буџетот постојат пред пандемијата. Анализата открива дека буџетот значајно се зголемува, посебно во последните три години, со минимални ребалансирања пред пандемијата и значајни во пандемијата”, посочуваат од „Finance Think” и нагласуваат дека е потребна подетална анализа за да се открие природата на ребалансите.

Во секој ребаланс во периодот од 2016 до 2020 година, истакнуваат од „Finance Think”, капиталните инвестиции страдаат за сметка на субвенциите/трансферите и социјалните бенефиции кои постојано се зголемуваат.

„Таков трејд-оф е отсутен во 2021 година кога сите категории бележат раст, посебно сериозни зголемувања постојат кај капиталните инвестиции и субвенциите/трансферите. Последниот ребаланс укажува дека главниот фокус ќе бидат капиталните инвестиции во наредниот период, но треба да се биде внимателен со оглед на историската ниска реализација на капитални проекти. Од друга страна, алармантен е износот на социјалните бенефиции и растот на субвенциите/трансферите кои генерално имаат непродуктивна компонента и не се „жртвуваат” за капиталните инвестиции”, порачуваат од „Finance Think”.

Социјалните бенефиции, додаваат, уживаат стабилни стапки на раст и доминантност во однос на останатите категории.

„Субвенциите/трансферите, иако со помал обем, бележат значајни стапки на раст во последните неколку години со исклучок на буџетите во 2019 и 2021 година каде постои надолна корекција. Слично, платите и надоместоците бележат стабилни и нагласени стапки на раст, посебно при буџетирањето на почетокот од секоја година во периодот 2019-2021. Ситуацијата е поразлична кај капиталните инвестиции. Капиталните расходи се поставуваат значајно оптимистички при дизајнирањето на почетниот буџет, но потоа се коригираат при секој ребаланс (за периодот 2016-2019). Исклучок претставува периодот на пандемијата каде во 2020 капиталните расходи имаа две последователни надолни корекции и во 2021 две последователни нагорни корекции”, посочуваат од „Finance Think”.

Собранието денеска го заокружува петтиот ден од општата расправа и треба да го донесе ребалансот на Буџетот за 2021 година.

Анализи

ОД МЕСЕЦ ВО МЕСЕЦ РАСТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ – Трошоците на четиричлено семејство во август зголемени за 214 денари

Објавено

на

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули, покажуваат податоците од најновата синдикална кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АФД & НБ: Годишна Анализа на небанкарскиот финансиски сектор во Северна Македонија

Објавено

на

Според статистиката на Народната банка на Северна Македонија, во рамки на финансискиот систем на Северна Македонија, вкупните средства на останатите (небанкарски) финансиски институции во 2020 година бележат годишен раст од 12,8%. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

ОБИЧНИТЕ ЗАШТЕДИ СТАНУВААТ СЕ ПОНЕАТРАКТИВНИ – наместо штедачите да добијат камата, тие и плаќаат камата на банката!?

Објавено

на

За разлика од порано кога штедните влогови биле многу исплатливи и штедачите добивале навистина убави сума на пари како камата за своите заштеди, сега тие се се понеатрактивни и стануваат товар за штедачите. (more…)

Продолжи со читање



Популарно