Анализи
Finance Think: Кризата предизвикана од КОВИД-19 најмногу ги погоди граѓаните со ниски приходи


Кризата предизвикана од Ковид-19 силно ги погоди нискодоходовните групи граѓани кои најчесто работат на нископлатени работни места или се дел од неформалната економија, примаат социјални трансфери или дознаки од странство.
Поради пандемијата, стапката на релативна сиромаштија во земјава ќе се зголеми за 1,2 процентни поени, што значи дека нови 25 илјади лица се втурнати во сиромаштија за време на ковид – кризата, покажува анализата на FINANCE THINK – Институтот за економско истражување и политики – Скопје, која се базира на истражувањето „Колку ковид-19 влијае врз сиромаштијата во Северна Македонија?“.
Од Институтот на денешниот брифинг ја повикаа Владата за дополнителни напори во информирање на населението за една од мерките – олеснување на критериумите за стекнување гарантирана минимална помош, која според експертите од „Finance Think” има потенцијал да извлече 24 илјади лица од екстремна сиромаштија што се дефинира како живот со помалку од 1.9 долари (44 денари) на ден.
Ваквата порака до Владата ја упатуваат бидејќи истражувањето покажало дека до јули годинава, потенцијалот е искористен само 65%, што значи дека уште 9 илјади лица имаат можност да влезат во системот на ГМА и да излезат од екстремна сиромаштија.
„Дополнително, им предлагаме на носителите на политики, олеснетите услови за стекнување гарантирана минимална помош да продолжат да важат и во 2021 година, и да се воведе времен додаток на гарантираната минимална помош и времено дополнително олеснување на доходниот услов, со цел да се опфатат, покрај најсиромашните, и дел од ранливите слоеви од населението“, посочија од Институтот за економско истражување и политики на денешниот брифинг.
Целото истражување можете да го прочитате тука.
Анализи
БАНКАРИТЕ ГО ИМААТ РЕЦЕПТОТ ЗА УСПЕХ – Трите најголеми македонски банки прокнижија добивка од 64,8 милиони евра во првата половина на 2022 година


Податоците од направената анализа на Банкарство.мк покажуваат дека во првото полугодие од 2022 година водечките три домашни банки (Стопанска банка АД – Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка Скопје) оствариле добивка од 3.987.695 илјади денари или 64,8 милиони евра. (more…)
Анализи
АНАЛИЗА: Корупцијата главна причина за иселување на младите – 40% изјавиле дека ги мотивира да ја напуштат земјата


4 од 10 млади изјавиле дека ќе ја напуштат државата поради степенот на корупција, додека секоја трета млада личност изјавила дека токму корупцијата е главна мотивација да се приклучи и да придонесе во борбата против коруптивните дејства. Само 4% изјавиле дека ваквата состојба ги тера да станат дел од синџирот на корупцијата. Ова го покажа анализата направена од страна на Младинскиот сојуз во која учествуваа над 440 млади луѓе од целата земја. (more…)
Анализи
Македонците најмногу купувале онлајн од Обединетото Кралство, Ирска и Унгарија


Согласно објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон странски е-продажни места со цел да се креира слика каде најчесто Македонците купувале онлајн во текот на 2021 година. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје