Connect with us

Анализи

Finance Think: Капиталните инвестиции и понатаму забележуваат значајна подреализација

Објавено

на

Во првата половина од 2018 година, реализацијата на капиталните инвестиции на државата изнесува 16.6% од буџетираните капитални инвестиции. Со тоа, капиталните инвестиции и понатаму забележуваат значајна подреализација.

Тенденцијата на подреализација на капиталните инвестиции е присутна во последната деценија (Слика 1). Во однос на последниот ребаланс на буџетот во секоја од набљудуваните години, реализацијата на капиталните инвестиции секогаш се движеше помеѓу 80% и 90%, додека во однос на првично планираната сума, помеѓу 50% и 60%.

Забавувањето на реализацијата на клучни капитални инвестиции на државата (првенствено автопатиштата) е главната причина за големата подреализација во првата половина од 2018 година. Ова забавување има клучна рефлексија врз вкупниот економски раст во Македонија, со оглед дека капиталните инвестиции на државата се важна детерминанта на заживувањето на економската активност.

pastedGraphic.png

Слика 1 (Извор: Министерство за финансии)

Сепак, подреализацијата на износот во првата половина од 2018 година е под износот на подреализациите од претходните години. Со предвидената динамика на реализација и имајќи ги предвид претходните искуства за благо забрзување на реализацијата на капиталните инвестиции кон крајот на годината, износот на искористување на капиталните инвестиции ќе достигне до 40% од првичниот буџет (Слика 2).

pastedGraphic_1.png

Слика 2 (Извор: Министерство за финансии)

Оттука, неминовно е дека ќе дојде до потребата да се реализира претходната практика на ребаланс на буџетот со цел пренамена на средствата кои е очигледно дека ќе останат неискористени до крајот на годината.

Finance Think го повикува Министерството за финансии да:

  • Ја информира јавноста што е клучната слабост во реализацијата на капиталните инвестиции (несоодветно планирање, погрешна приоритизација, недоволна техничка подготовка и сл.) и да се заложи за нивна што поголема реализација до крајот на годината;
  • Ја информира јавноста за што ќе бидат реалоцирани вишокот средства со извесниот ребаланс на буџетот и како тие ќе придонесат за динамизирање на економскиот раст.

Finance Think го повторува ставот во врска со капиталните инвестиции изразен во повеќе наврати (на пример, види ФТ Став бр.15 за реализацијата на капиталните инвестиции на државата во 2016 година од 27 Јануари 2017). Имено, Владата на РМ и Министерството за финансии е неопходно:

  1. Да го ревидираат методот на проектирање на капиталните расходи во Буџетот. Циклусот на планирање на капиталните инвестиции (повеќегодишен) е многу подолг од циклусот на планирање на тековните трошења (едногодишен), што е во полза на намалување на грешката при проектирање;
  2. Да ја напуштат политиката на свесно првично проектирање повисоки износи на капитални расходи и нивно следствено кратење со ребаланси на Буџетот во текот на календарската година, што беше одлика на водењето на фискалната политика порано;
  3. Да отпочнат широка експертска дебата за намената и ефикасноста на потрошените средства и соодветно приоритизирање. Дури и при редуцирање на т.н. непродуктивни инвестиции, што е карактеристика на фискалната консолидација отпочната од оваа влада, Македонија нема капацитет да ги финансира сите продуктивни инвестиции одеднаш, па потребен е општествен консензус околу нивната приоритизација. Ваквата дебата треба да потекне од самото Министерство за финансии, со соодветна студија за тоа какви и кои капитални инвестиции и се потребни на Македонија, и со вклучување на сите засегнати страни, првенствено бизнис заедницата, како и академската и граѓанската заедница.

Во однос на општата кондиција на буџетот, реализацијата на останатите приходи и расходи е коректна, и Finance Think го поздравува опстојувањето на патеката на фискалната консолидација во делот на тековните трошоци. Ребалансот на буџетот ќе овозможи нивелирање на буџетските проекции (натфрлање на прибирањето на данокот од добивка и увозните давачки и потфрлањето кај персоналниот данок од доход и ДДВ).

Анализи

Нео банки – уште еден предизвик за традиционалното банкарство?

Објавено

на

Со нови иновативни концепти и нови финасиски учесници на пазарот, се чини дека не недостасуваат нови тенденции во банкарството. Дали сте слушнале за банките Moven или Simple, или GoBank? Можеби за Bluebird (American Express) или Mobile Money (T-Mobile)? Ова се сите Нео-Банки. Коренот на зборот “нео” на грчки значи “млад” и “нов”. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кои беа главните заклучоци на првата конференција за е-трговија во Македонија?

Објавено

на

Во петокот, 26-ти октомври, во хотел Мериот се одржа првата конференција за е-трговија во Македонија, која го носеше насловот “е-Трговија: е-Иднината за е-Македонија!”. Со скоро 400 присутни гости и повеќе од 30 говорници на сцена, конференцијата докажа дека во Македонија постои огромен интерес за развој на оваа индустрија. Агендата ја сочинуваа микс од поздравни говори, панел дискусии, говори и презентации и забавни елементи во форма на интерактивен квиз во кој учествуваше целата публика и музичка изведба на хумористичната песна “Цена?” од Дебелиот крај. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Македонците потрошиле 63 милиони евра за купување онлајн во првото полугодие од 2018

Објавено

на

Во преполна конференциска сала во хотел Мериот, изутринава започна првата конференција за е-трговија во Македонија на која се дискутира за тековните состојби, предизвици и идните трендови на полето на електронската трговија. Под насловот “е-Трговија: е-Иднината за е-Македонија!”, на конференцијата свое излагање и учество имаат над триесетина говорници, модератори и панелисти од 8 земји. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange