Connect with us

Анализи

Finance Think: Зголемувањето на минималната плата и пензиите може да има негативни последици

Објавено

на

По спроведената мисија со цел консултации за подготовка на Членот IV, Меѓународниот Монетарен Фонд ги оцени економските реформи во Северна Македонија со солиден потенцијал за справување со долгорочните предизвици. И покрај релативно позитивната оценка на економскиот раст, потезите во социјалната, даночната и пензиската сфера, заклучоците укажуваат на неколку економски и социјални политики, кои подолго време се дискутираат во македонската експертска јавност.

Нив Finance Think ги елаборира во продолжение:

Минималната плата. Како и Finance Think, и ММФ поддржува зголемување на минималната плата, но укажува за штетите кои може да настанат доколку зголемувањето не биде проследено со раст на продуктивноста. Во ФТ Став бр. 40 за предложениот пораст на минималната плата од 15 октомври 2019, Finance Think ја изрази истата загриженост, според која рапиден раст на минималната плата може да ја зголеми инциденцата на промени со работните часови, непосакувани интервенции кај прекувремената работа, работата за празници, викенди и ноќна смена, како и да влијае врз зголемување на де-формализацијата на работните места;

Пензии. Фондот укажува дека зголемувањето на пензиите поголемо од законски-нормираното усогласување со инфлацијата ќе предизвикива нагорен притисок врз трошењето, што повторно ќе ја наруши стабилноста на пензискиот фонд и, во крајна линија, ќе предизвика пораст на вкупниот буџетски дефицит. Според пресметките на Finance Think, проектираното зголемување на пензиите во 2020 година ја запира консолидацијата на пензиските финансии и претставува извор на ризик за вкупните јавни финансии;

Фискална консолидација. Согласно отпочнатата фискална консолидација, намалување на буџетскиот дефицит за 1 до 1.5 процентни поени од БДП во периодот до 2022 година е разумно сценарио. Сепак, Фондот зазема подетално елабориран став околу
проширувањето на даночната основа како форма на фискална консолидација, односно потребата да се намали неформалната економија. Finance Think целосно го поддржува ставот дека е неопходно зголемување на ефикасноста на даночната администрација (видете за ефикасноста на јавната администрација на овој инфографик), зголемување на институционалниот кредибилитет и даночниот морал, со крајна цел сузбивање на сивата економија, пред евентуални други чекори во фискалната сфера да може да бидат ефективни.

Капитални инвестиции на државата. Вториот клучен потег за фискална консолидација е рационализација на расходната страна на буџетот, односно подигање на ефикасноста на трошењата. Зголемувањето на тековните трошења (како пензиите) ја поткопува ваквата консолидација, но Finance Think оценува дека тоа нема да има ефекти врз (намалување на) капиталните трошења на краток рок. Ова е поради фактот што капиталните расходи ионака се предмет на значајна потреализација, и оттука, пред да се дискутира за создавање поголем фискален простор за капитални трошења, неопходно е да се надмине недостигот од структурни решенија како што се среднорочното планирање и приоритизација, како и техничките проблеми во реализацијата.

Анализи

Висок поврат на ДДВ за фирмите: 206 милиони евра во првото полугодие и покрај кризата од КОВИД-19

Објавено

на

Во првото полугодие од 2020 година извршен е поврат на ДДВ кон фирмите од 12,7 милијарди денари или 206,5 милиони евра, што е за 6% повеќе во однос на лани или за 660 милиони денари повеќе. Ова е највисок поврат на ДДВ за овој период во однос на изминатите години, што е значајно особено ако се земе предвид кризата предизвикана од КОВИД-19. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Ангеловска-Бежоска: Со сигурност можеме да кажеме дека шпекулациите поврзани со курсот на денарот не се поткрепени со економски аргументи

Објавено

на

Во сите досегашни епизоди на криза, стабилниот курс на денарот претставува главен фактор на одржување на макроекономската стабилност. Нема компромис во однос на постојниот режим на курсот. Јавноста треба да има потполна доверба во нашата заложба и во нашиот капацитет успешно да продолжиме со постојната монетарна стратегија на стабилен курс на денарот. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Банкнотата од 50 евра е најпопуларна кај фалсификатoрите

Објавено

на

Од 2002 година, кога беше воведена евро валутата, откриени се 19 милиони фалсификувани банкноти на оваа валута со лична вредност од 1,2 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Популарно