Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Finance Think: Зголемениот минималец нема да влијае врз работните места

Објавено

на

Владата најави дека се очекува минималната (нето) плата да се зголеми на 13.000 денари, почнувајќи од 1 јули 2019 година. Минималната плата, како инструмент на политиките, беше воспоставена во 2012 година, на тогашното ниво од 8,050 денари (6.263 денари во секторите текстил, кожа и обувки).

До денес, таа беше зголемена неколку пати, со најзначајното зголемување во септември 2017 на 12.000 денари и израмнување во секторите текстил, кожа и обувки. По ова зголемување, беше извршено усогласување со растот на БДП, растот на платите и трошоците на живот во два наврати, со што, моментално, минималната плата изнесува 12.504 денари.

Но, најавата за зголемување на минималната плата од 13 илјади денари нема да влијае негативно врз работните места. Ова е првичниот резултат од анализата на Институтот за економски анализи Finance Think.

Teковната најава за зголемување на минималната плата на ниво од 13.000 денари значи ад-хок зголемување (наместо следење на трендот на усогласување), во износ од 4%.

Истражувањето покажува и дека според ревидираните проекции на минималецот последниве години во 2021 година, тој може да достигне висина од 13.800 денари.

Согласно проекциите на Finance Think, просечната плата во 2019 година се очекува да надмине 25.000 денари (види Слика 1), со очекуван раст од 4.2% во однос на 2018 година.

Слика 1. Извор: Државен завод за статистика (Остварена нето плата); Министерство за финансии – Фискална стратегија 2019-2021 (проекции 2019-2021); Пресметки на Finance Think (проекции 2019-2021) Визуелизација на Finance Think

Согласно на ваквите тенденции, кои се одраз на движењата на продуктивноста во економијата, Finance Think проценува дека ниво на минималната плата од 13.000 денари во јули 2019 би било издржливо во сегашниот економски контекст, односно не претставува опасност по работите места. Тоа беше потврдено и низ квалитативна анализа на интервјуа со повеќе работодавачи.

Сепак, Finance Think апелира дебатата за минималната плата да се ограничи на економски рамки и очекувањата на јавноста да се потпрат на економски принципи, наместо на популистичка реторика, што во крајна линија може да загрози многу работни места во нископлатежните сектори. Исто така, да се напушти тврдењето дека порастот на минималната плата поттикнал раст кај другите плати.

Наодите укажуваат дека тенденцијата е спротивна, односно дека постои компресија на платите на и околу нивото на минималната плата, односно она што работодавачите го нарекуваат „урамниловка“.

Анализи

Рекордна профитабилност на банките во изминатата 2018 година, но странци го собираат профитот

Објавено

на

Банките во земјава за претходната 2018 година оствариле нето-добивка од работењето во износ од 8,4 милијарди денари или околу 136 милиони евра, што во споредба со претходната 2017 година е зголемување за 27,4%, покажува најновиот годишен извештај за ризиците во банкарскиот сектор на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Избори и кредитирање – што се случува во банкарскиот сектор?

Објавено

на

Претседателски избори, догодина редовни парламентарни избори а во 2021 та година редовни локани избори – дали сите овие последователни изборни циклуси ќе се рефлектираат и во банкарскиот сектор, конкретно врз кредитирањето и шедењето? По завршување на првиот економски квартал Народната банка ги сумираше резултатите, на месечно ниво ( март/февруари) депозитната база е зголемена за 0,4% а кај кредитирањето порастот изнесува 1.0%, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Само по основ на потрошувачки кредити граѓаните во банките, на крајот од првото тромесечје должеле 1,3 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Македонците се помалку и помалку штедат

Објавено

на

Истражувањето на Институтот за економски анализи Фајнанс тинк (Finance think) покажа дека во југословенско време, според статистичките податоци од 1989 и 1990 година, просечниот Македонец од 1.000 динари успевал да заштеди 167 динари. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange