Останато
“Finance Talks by EOS:” Преку компарација на домашните и европските законски решенија истакнати неопходните чекори за унапредување на домашниот финансиски пазар

Со анализа на темата „Придобивки од имплементација на европските законски решенија во домашниот финансиски сектор“, втората по ред “Finance Talks” панел дискусија организирана од страна на EOS Matrix Macedonia ги истакна неопходните чекори за хармонизација на домашната законска регулатива со онаа на ЕУ што значително ќе придонесе кон унапредување на домашниот финансиски пазар.
Втората по ред панел дискусија во рамки на „Finance Talks“ платформата се одржа на 28 септември 2022 година. Дискусијата ја модерираше генералната директорка на ЕОЅ Matrix Macedonia, д-р Катерина Бошевска со цел развој на конструктивен дијалог и меѓусебна размена на вредната експертиза и искуство на говорниците на оваа панел дискусија.
Благодарение на говорниците на панелот, Министерот за финансии Г. Фатмир Бесими, претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, М-р Бранко Грегановиќ и генералниот директор на IUTECredit Macedonia, д-р Горан Василев, оваа дискусија изнесе вредни заклучоци за предизвиците со кои се соочуваат финансиските институции, за потребите на засегнатите страни во финансискиот сектор во земјата и неопходните чекори за обезбедување на стабилен и праведен финансиски пазар.
Преку еден заеднички, мултидисциплинарен пристап оваа значајна тема понуди вредни увиди кои се од голема важност за финансискиот свет во земјата. Министерот за финансии, Г. Фатмир Бесими во своето воведно обраќање истакна: „Ја поздравувам иницијативата затоа што за било кое законско решение, регулатива, или поединечен акт исклучително е важно претходно да има дебата, инклузивност во процесот и да се вклучи поголема експертиза што понатаму им помага на носителите на економските политики и на институциите. Исклучително е добро кога ваква иницијатива не потекнува од владините институции, државниот сектор, туку токму од приватниот сектор и цивилниот сектор.“
Дискусијата понуди компаративна анализа на домашната регулатива која ја регулира финансиската материја со онаа на Европската Унија и земјите – членки. Осврнувајќи се на прашањето во однос на домашната регулатива која ги регулира кредитно/финансиските институции во нашата земја, Министерот за финансии Г. Фатмир Бесими истакна: „Не можеме да разговараме за единствен Европски пазар, а да не разговараме за единствен финансиски систем. Од пристапот на Европската Унија можеме да увидиме дека со помош на имплементација на своите Директиви и Акцискиот План во земјите членки, во последните децении таа цели кон поставување на единствена рамка на регулативата во областа на финансиите, а со цел успешен и непречен понатамошен развој на економијата на ЕУ. Несомнено е потребно да се осврнеме на овој модел и да се насочиме кон елиминирање на пречките во движењето на капиталот, можностите за инвестиции и можностите за проток на финансиските средства во нашата економија. Нам како земја, мала и отворена економија со стратешка определба да станеме полноправна членка на Европска Унија, неопходен ни е процесот на прилагодување кон економиите на ЕУ. Тоа значи дека не само што е потребно елиминирање на пречките и разликите во овие два системи, туку и целосна хармонизација на домашната регулатива со онаа на ЕУ. Низ разни Закони ние веќе имаме постигнато значаен степен на усогласеност, но тоа е жива материја, една движечка цел за којашто е потребно континуирано прилагодување.“.
Разгледувајќи ги клучните разлики во домашната и европската законска регулатива, што е особено важно прашање за сите чинители на пазарот, свој увид даде М-р Бранко Грегановиќ, претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Како експерт во областа на финансиите и банкарскиот сектор, тој го сподели своето искуство во однос на предизвиците со кои се соочува банкарскиот сектор во земјата: „Банките генерално на сите пазари се соочуваат со предизвикот на две основни цени – моменталните цени на каматната стапка во домашната валута на една страна, и девизниот курс на другата страна. За управување со биланси потребен е основен сигурен pricing кој ги одржува тековните пазарни услови, пред се’ прашањето на девизниот курс и пазарот на пари. И колку и да се тие две работи важни, толку е интересно што на сите тие наши пазари многу повеќе дискусии се усмерени кон некое долгорочно финансирање во берза и слично, а всушност во секојдневното работење, во управувањето си своите биланси и резултати, финансиските институции и целото стопанство се соочуваат пред се со овие два предизвика.“. Тој понатаму продолжи адресирајќи го и потенцијалот кој во себе го носат европските решенија: “Треба да се проследи концептулано она што ЕУ, не би рекол го „бара“’, туку го „нуди“ во смисла на знаење и искуство и нешто што овозможува да се скрати периодот на учење кој инаку е потребен. Без разлика на тоа кога конкретно Македонија ќе влезе во ЕУ, колку поскоро се случат промените на концептуално, вредносно и институционално ниво толку побрзо Македонија ќе се подигне на следното ниво на својот развој.“.
На ова прашање свој увид и анализа даде и д-р Горан Василев, генерален директор на IUTECredit Macedoniа, истакнувајќи ги предизвиците со кои се соочува не банкарскиот финансиски сектор и подготвеноста за промените кои се чинат неопходни: „Несомнено е дека концепциски, структурната поставеност на моменталното законско решение не соодветствува со идејата позади истото, односно воведувањето на новини, дигитализација и одговор на сите тековни предизвици. Резултатите на терен го говорат истото. Ние, не банкарските финансиски друштва сме далеку од она што се очекува да бидеме и улогата што треба да ја имате. Дури и оние законски решенија коишто постојат, се неадекватно имплементирани. Министерството за финансии има една одлична екипа со којашто соработуваме во изминативе години, меѓутоа не постои единствен систем и единствен орган за супервизија и построги контроли во имплементирање на законските решенија. Сето тоа доведува да постојат финансиски друштва коишто не ги применуваат или не адекватно ги применуваат законските решенија. Тоа значително влијае на перцепцијата за овие друштво како учесници во целиот систем, што за нас понатаму претставува пречка и нов предизвик во работењето.
Како резултат, ние сме оценети како неатрактивни за банкарскиот сектор од аспект на кредитирање и мораме да користиме сопствени средства коишто ги обезбедуваме на меѓународните финансиски пазари кои се со високи трошоци. Понатаму тоа се рефлектира на нашите каматни стапки односно стапките на вкупни трошоци коишто ние ги наплаќаме од нашите клиенти. Најавените промени со задоволство ги очекуваме и се надеваме дека во блиска иднина доколку се постави целиот систем на законските решенија на начин на којшто би требало да биде поставен, конечно ќе имаме раздвижување во секторот финансии во Македонија, особено од аспектот на активноста на не банкарските финансиски институции.“.
Дискусијата понатаму даде одговор на прашањата за актуелните предизвици во финансиско/банкарскиот сектор, зелената транзиција и дигитализацијата во областа на финансиите, и ги истакна следните чекори во процесот на унапредување на домашниот пазар кон зголемена сигурност, правичност и стабилност.
Видео записот од дискусијата е достапен на официјалниот YouTube канал на EOS Matrix Macedonia:
Повеќе информации за Finance Talks се достапни на веб страната на EOS Matrix Macedonia: https://mk.eos-solutions.com/press/Finance-Talks.
ЕОЅ Матрих ДООЕЛ Скопје е дел од Групацијата ЕОS која е водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања.
Дознајте повеќе за EOS Matrix Macedonia на https://mk.eos-solutions.com/ .
Групацијата EOS е водечки технолошки напреден инвеститор и давател на услуги во индустријата за управување со побарувања. Со над 45 години искуство, EOS им нуди на околу 20.000 клиенти во 24 земји ширум светот паметни услуги за сите нивни потреби за управување со побарувањата. Клучните целни сектори на EOS се банкарството, недвижностите, телекомуникациите, комуналните услуги и е-трговијата. EOS вработува над 6.000 луѓе и е дел од Групацијата Otto.
За повеќе информации за EOS Групацијата , одете на: www.eos-solutions.com
Останато
ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ – Во тек е етапната исплата на мартовските пензии, повисоки за 8,4%

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започна етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8,4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија за раст на пензиите, која следи два индикатори односно 50% од порастот на просечната плата и 50% од порастот на трошоците за живот. Ова усогласување се врши два пати во годината март и септември и претставува постојан раст на пензиите. (more…)
Останато
Стевкова-Штериева: Принципите за родова еднаквост се основа за просперитетна иднина

Со истакнување на обврската за почитување на Принципите за јакнење на жените (The Women’s Empowerment Principles) како дел од Целите за одржлив развој на ООН, д-р Маја Стевкова-Штериева, претседателка на МБА и Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, нѐ потсети на заедничката одговорност за справување со најголемите предизвици на денешницата. (more…)
Останато
Кирил и Кристијан од ООУ “Мите Богоевски” – Ресен се национални победници на Европски квиз на пари 2023

Денес, последниот ден на Глобалната недела на пари, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, се одржа финалето на националниот натпревар Европски квиз на пари 2023. (more…)
- Анализипред 3 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка
- Домашни банкипред 2 months
Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година