Connect with us

Компании

Facebook ќе покажува финансиски информации за корисниците во Messenger

Објавено

на

Facebook започна преговори со претставници на најголемите банки и финансиски институции. Идејата е да се испита можноста за интегрирање на нивните услуги во апликацијата Messenger. Компанијата сака да има пристап до податоци за трансакции со кредитна картичка и да го следи билансот на тековната сметка. Информациите ќе се користат во различни функции на Facebook Messenger за да обезбедат податоци за билансот, како и сомнителни активности или предупредувања за измама.

Facebook Messenger во моментов има пристап до финансиски информации од одредени компании за да ги олесни услугите како што се услуги за разговор со клиенти или функции за управување со сметки. Необичен факт е тоа што со договарање на правилата за користење на мобилната апликација, вие дозволувате Facebook Messenger да добие слични податоци, објави CNBC. Плановите на компанијата предвидуваат корисници во реално време да ги видат промените на сметките и извршувањето на разни трансакции.

Поврзувањето на повеќе сметки во голема мера може да им олесни на луѓето и да заштеди време при логирањето во повеќе различни банкарски системи или да преземање на надворешен софтвер. Facebook верува дека повеќето корисници би сакале да го користат Messenger за пристап со претставник на банката, отколку да чекаат да бидат поврзани со нив на телефон. Разговорите меѓу Facebook и финансиските институции се во почетна фаза и допрва се очекуваат повеќе разговори.

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

(more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ФД СН Финансии

Објавено

на

Компанијата ФД СН Финансии вработува Back Оffice Маnager. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Стопанска комора: Македонските компании потпросечно профитабилни, без иновации и дигитализација

Објавено

на

Големите, традиционално етаблирани македонски компании на кои отпаѓаат 90% од домашната економија се на дното во регионот по иновативност и дигитализација. Слабо внесуваат новини, инертни се и не сакаат да ризикуваат. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange