Connect with us

Компании

Facebook сака да ги зајакне своите врски со банките

Објавено

на

Facebook соопшти дека води преговори за продлабочување на односите со банките и финансиските институции. Според компанијата, ова може да им помогне на компаниите да ја подобрат нивната поддршка за корисниците, објави „Ројтерс“.

Социјалната мрежа тврди дека корисниците на финансиски компании, како „PayPal“, „Citibank“ и „American Express“ можат да контактираат за своите финансиски сметки со апликацијата „Messenger“ и да разговараат со претставници на Одделот за поддршка на клиенти.

„Wall Street Journal“ објави дека „Facebook“ побарал од банките да ги споделат деталните финансиски информации за нивните клиенти, вклучувајќи трансакции со картички и проверка на балансот на нивните сметки.

Портпаролката на „Facebook“ изјави дека компанијата може да види некаква финансиска информација од такви корисници, ако тие се одлучат за слична опција, но не ја користи за да се „рекламира или за нешто друго“.

„Не ги користиме овие информации за нешто отаде одржувањето на таков тип искуства“, коментира „Facebook“ во соопштението. „Критичен дел од овие партнерства е поврзано со заштитата на оваа информација“.

„WSJ“ посочува во статијата дека во последната година „Facebook“ се обратила кон „JPMorgan Chase“, „Wells Fargo & Co“, „Citigroup“ и „U.S. Bancorp“ за да разговараат за потенцијалните понуди кои можат да им се обезбедат на корисниците на банката преку „Facebook Messenger“.

„Идејата е дека пишувањето пораки со банката може да биде подобро од чекањето на телефон“, вели компанијата.

Компании

„Алибаба“ го заобиколува Балканот, отвора логистички центар во Белгија

Објавено

на

Кинескиот гигант за е-трговија „Алибаба“ ќе отвори логистички центар во Белгија, со што е очевидна намерата да го заобиколи Балканот. Центарот ќе се наоѓа во белгискиот град Лиеж, на тромеѓето на границата со Германија и Луксембург, а во близина е и Брисел. Тоа е петти лигистички центар на таа компанија во светот. Во Европа веќе има во Франкфурт. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Џеф Безос: Амазон ќе пропадне и ќе банкротира

Објавено

на

Амазон еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, изјави нејзиниот основач Џеф Безос, одговарајќи на прашање за иднината на компанијата на неодамна одржаниот состанок со работниците. (more…)

Продолжи со читање

Компании

„Икеа“ се вклучува во борбата против загадувањето на воздухот

Објавено

на

Шведскиот ланец на продавници за мебел, „Икеа“, ќе почне со производство на продукти од земјоделски отпад во обид да им помогне на жителите на најзагадените градови во светот полесно да дишат. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange