Connect with us

Компании

Facebook од банките барал финансиски извештаи за нова функција на Messanger

Објавено

на

Американскиот весник “Волстрит џурнал” објави статија во која се изнесени тврдења како Facebook барал информации за финансиски трансакции и состојба на сметка за своите корисници од банките ЈПМорган Чејс, Велс Фарго, Ситигруп и УС Банкорп.

Од Facebook е објавено соопштение во кое се негирани вакви тврдења. Наведено е дека индивидуални корисници споделувале финансиски информации преку апликацијата Messanger, но дека социјалната мрежа таквите информации не ги користи за целите на било каков маркетинг.

Facebook е во криза во однос на довербата кај корисниците, огласувачите, вработените и инвеститорите, откако призна дека податоци од околу 87 милиони луѓе, претежно од Соединетите Американски Држави (САД), дошле во рацете на компанијата Кембриџ Аналитика, која ги користела во политички кампањи.

По избивањето на скандалот, во САД и во Европа, отворени се неколку истраги, додека Закерберг неколку пати се извини поради нарушување на приватноста на корисниците на социјалната мрежа Facebook.

Социологот Бет Поп Берман тврди дека е изненадена затоа што јавноста и експертите не реагирале побурно: “Продолжува да ме изненадува реакцијата на јавноста за перверзните дистописки системи за надгледување – напиша таа на својот твитер-профил”.

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е водечко финансиско друштво во мисија да го зајакне присуството на пазарот и воедно да ја задржи улогата на иновативна, fintech компанија. Промовираме бизнис етика, нудиме know-how од вистински професионалци.

Нашите амбиции за 2019 година се предизвикувачки, а поради тоа отвораме можност за вработување на докажан и посветен Менаџер за развој на мрежа на подружници, кој е спремен да препознае прилика, да работи неуморно и да биде целосно одговорен за одделот за експанзија. Одлично организиран, ориентиран кон детали, како и спремен за работа под притисок.

Менаџер за развој на мрежа на подружници

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, притоа имајќи позитивен став со цел градење на успешна компанија.

 Позицијата вклучува:

  • Изготвување на стратегија за проширување мрежа на подружници согласно податоци кои ќе бидат дадени на располагање (логистика, гео-позиција, маркетинг)
  • Самостојно барање на терен и избор на локации за нови подружници
  • Планирање на внатрешно и надворешно уредување на подружницата (вклучително мебел, осветлување, систем за греење/ладење, рекламен материјал, инсталација и слично)
  • Прибирање понуди од изведувачи и преговарање за услови
  • Организација и надзор за време на изведба, како и контрола на квалитет
  • Секојдневно одржување на подружници преку креирање база на соработници за разни потреби
  • Често патување во други градови надвор од Скопје
  • Соработка со менаџментот на секое ниво со цел утврдување потреби за нови подружници

 Профил на кандидат:

  • Завршено соодветно образование (Архитектонски факултет/Градежен факултет ќе се смета за предност)
  • Изработка на скица и предмер пресметка за внатрешно уредување ќе се смета за предност
  • Релевантно искуство од најмалку 2 години
  • Искуство во проектирање и внатрешен дизајн
  • Предност имаат кандидати со искуство од банки, осигурителни компании, обложувалници, казина, телекомуникациски сектор, ланци на маркети
  • Преговарачки вештини
  • Задолжително познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија

 Мотивација:

  • Компетитивна фиксна плата + бонус
  • Дополнителен финансиски пакет со годишни бонуси
  • Лап топ, службен телефон
  • Службено возило на располагање
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија

Доколку сте спремни за нов предизвик, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Брза Апликација.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ТИГО Фајнанс во рок од 6 месеца од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во МЕККЕН СКОПЈЕ

Објавено

на

Оглас за вработување на Акаунт Менаџер во Меккен Скопје.

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома
  • Најмалку три години работно искуство во агенција или компанија (искуство во агенција е предност)
  • Искуство во водење проекти
  • Менаџирање со време, менаџирање со ресурси
  • Раководење со тимови, брифирање, јасно поставување и следење рокови
  • Одлични презентациски и комуникациски вештини
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Способност за аналитичко размислување,изведување заклучоци, следење трендови
  • Способност за вршење на повеќе задачи истовремено
  • Подготвеност за тимска работа

Нудиме можност за професионален и личен развој, работа во динамична и инспиративна средина и можност за постојано напредување.

Ако ги имате потребните квалификации и сте подготвени за нови предизвици испратете Ваше CV најдоцна до 26.02.2019 година на e-mail адреса: hr@ifmccann.com.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Порше Брокер А.Д. Скопје

Објавено

на

Порше Брокер А.Д. Скопје објавува

ОГЛАС

за вработување на
Брокер во осигурување во Скопје (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange