Connect with us

Компании

Facebook изгуби 119 милиони долари

Објавено

на

Facebook го имаше најлошиот ден во својата историја на берзите. Акциите на Facebook паднаа за 19 %, а загубата надмина 100 милијарди долари. Личното богатство на Закерберг e намалено за 16 милијарди долари.

Во само еден ден тргување на светските берзи, социјалниот гигант Facebook загуби 19 % од својата вредност или околу 120 милијарди долари. Тоа беше најлошиот ден за компанијата откако излезе на берзите во 2012 година, и една од најголемите загуби на вредност на компанија во историјата на американската берза.

До падот на акциите дојде само еден ден откако Facebook објави дека корисничката база и приходите забележале помал раст од очекуваниот во вториот квартал поради проблемите со приватноста на корисниците.

На Вол Стрит се уште се анализираат неверојатните бројки кои ги предизвика падот на акциите на Facebook. За споредба, загубата од 120 милијарди долари во еден ден е еднаква на севкупната вредност на гиганти како Мекдоналдс или Најки, а далеку ја надминува вредноста на мултинационални корпорации како Џенерал Електрик или Катерпилар. Досега, за најголем пад се сметаше оној на Интел во септември 2000 година кога оваа компанија забележа загуба од 91 милијарди долари.

Facebook  и натаму има пазарна вредност од околу 511 милијарди долари, сума која далеку го надминува годишниот брутодомашен производ на држави како Полска, Белгија и Иран.

Тежок удар врз својот џеб преживеа и сопственикот на Facebook, Марк Закерберг чие богатство се намали за 16 милијарди долари.

Некои американски медиуми говорат за масакар на акциите на Facebook, но сепак, вчерашниот пад всушност означи враќање на цената на акциите на социјалниот гигант на нивото на кое беа во мај минатата година. И тогаш, акциите на Facebook се опоравуваа од шокот кој го предизвика големиот скандал со заштитата на приватноста на корисничките податоци.

Компании

„Алибаба“ го заобиколува Балканот, отвора логистички центар во Белгија

Објавено

на

Кинескиот гигант за е-трговија „Алибаба“ ќе отвори логистички центар во Белгија, со што е очевидна намерата да го заобиколи Балканот. Центарот ќе се наоѓа во белгискиот град Лиеж, на тромеѓето на границата со Германија и Луксембург, а во близина е и Брисел. Тоа е петти лигистички центар на таа компанија во светот. Во Европа веќе има во Франкфурт. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Џеф Безос: Амазон ќе пропадне и ќе банкротира

Објавено

на

Амазон еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, изјави нејзиниот основач Џеф Безос, одговарајќи на прашање за иднината на компанијата на неодамна одржаниот состанок со работниците. (more…)

Продолжи со читање

Компании

„Икеа“ се вклучува во борбата против загадувањето на воздухот

Објавено

на

Шведскиот ланец на продавници за мебел, „Икеа“, ќе почне со производство на продукти од земјоделски отпад во обид да им помогне на жителите на најзагадените градови во светот полесно да дишат. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange