Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

„ eVoucher“ – нов иновативен производ на Cashback World!

Објавено

на

Иновативната компанија Cashback World која е постојано во чекор со светските трендови и новости, оваа година го промовираше најновиот производ „eVoucher“.

Како компанија која се адаптира на дигиталните потреби во современиот онлајн свет, Cashback World е пионер со многу иновативни решенија. Членовите на  Cashback World треба само да ја покажат својата Cashback картичка при плаќањето кај некој од 120,000 партнери во светот за да ги добијат членските предности во форма на Cashback и Shopping Points. Со цел искуството при пазарувањето да биде уште попривлечно за членовите, Cashback World им ја дава на располагање бесплатната Cashback App која моментално е актуелна на пазарот со eVoucher-от.

eVoucher–от  е достапен преку бесплатната мобилна апликација Cashback App. При самото плаќање со eVoucher членот веднаш добива Cashback и шопинг поени. Преку шопингот со eVoucher, корисниците можат да платат и да профитираат за неколку секунди! На овој начин, шопингот со предности е уште поедноставен, помобилен и попривлечен за корисниците. Бесплатната апликација Cashback App може да се преземе преку App Store за iOS или преку Google Play Store за Android. Оттаму може да се нарача eVoucher-от и да се искористи веднаш при купувањето кај голем број познати брендови во Македонија (овој број секојдневно се зголемува) – брзо и без компликации.

Времињата се менуваат, а со тоа и потребите на луѓето. Нашата цел е на нашите членови да им овозможиме враќање пари при секое купување на наједноставен и најбрз начин. Воведувањето на овој нов начин на плаќање ќе го забрза процесот на реализација на членските предности и ќе им овозможиме на нашите членови уште поголемо уживање во шопингот. Навистина сме горди на нашата компанија која не само што ги следи светските трендови туку и ги создава истите““– изјави Радован Витошевиќ, Директор на Мајворлд Македонија ДООЕЛ Скопје и Мајворлд Бугарија ЕООД, оператори на Cashback World во овие земји.

Останато

7% од кредитоспособните лица, лани зеле брз кредит

Објавено

на

Граѓаните се заинтересирани за услугите на финансиските друштва, познати како брзи кредити. Земаат просечно меѓу 200 и 400 евра кредит, а во минатата година седум отсто од кредитоспособното население во земјава било опслужено од овие финансиски друштва. Од година во година секторот расте, а за поголема сигурност за потрошувачите дел од овие друштва што работат во земјава формираа Асоцијација на финансиски друштва. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Сузбивање на сивата економија е можно со здружена стратешка акција

Објавено

на

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум на тема: „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“, во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија. На високо ниво, претставниците на Владата, домашни и странски експерти, професори и истакнати стопанственици дискутираа за најголемите предизвици на компаниите во борбата со сивата економија, конкретни решенија за нејзино сузбивање како и очекуваните ефекти за стопанството и економијата од воведување  на нерегистираните субјекти во системот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фондовите од вториот пензиски столб управуваат со милијарда евра на 490.000 идни пензионери

Објавено

на

На крајот на минатата година во двата отворени задолжителни фонда од вториот пензиски столб – КБ Прв пензиски фонд и Сава пензиски фонд членуваа вкупно 490.035 идни пензионери на кои од личниот доход им се издвојуваат средства во задолжителните пензиски фондови. На крајот на 2018 година тие управуваат со безмалку 1 милијарда евра средства на своите членови колку што се собрани во 13те години, односно од почетокот на пензиската реформа во 2006 година. Иако на самиот почетокот на реформата, стартната позиција на двете друштва беше иста, сепак КБ Прв пензиски фонд сега има повеќе членови, поголемо пазарно учество и управува со повеќе средства во споредба со другиот фонд, односно управува со портфолио кое е поголемо за околу 62 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange