Connect with us

Осигурување

Eurohold доби одобрение од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водостопанство за превземање на филијалите на Групацијата CEZ во Бугарија

Објавено

на

„Eurohold” од Бугарија, сопственикот на една од водечките компании за осигурување во С.Македонија, Евроинс Осигурување, доби одобрение од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водостопанство од Бугарија  за превземање на филијалите на  Чешката Компанија за Енергетика на Групацијата CEво Бугарија.

На овој начин, „Eurohold” ги доби сите потребни одобренија од Овластените органи во Бугарија за спроведување на превземањето. Зделката е одобрена од Бугарската Комисија за заштита на конкуренцијата на 29-ти октомври 2020 година.

Следната фаза во процесот на превземање ќе биде потпишување на  финансиските договори и трансферот на акциите. „Eurohold” ќе го финансира превземањето со комбинација на сопствен капитал и позајмен капитал обезбеден од водечките глобални инвестициски банки.

“Добивме одобренија од Бугарските регулаторни органи за антимонополска управа и енергетика, и веќе можеме да пристапиме кон финансирање и реализирање на зделката. Имаме поддршка од глобални инвестициски банки со солидно искуство во обезбедување на финансирање за такви трговски зделки. По завршување на превземањето, нашиот стремеж е да станеме водечки регионален обезбедувач на услуги во осигурувањето и сервисните дејности“изјави Васил Стефанов, Директор за спојување и аквизиција на компании воEurohold” Бугарија.

Eurohold” ќе го стекне бизнисот на Групацијата CEZ во Бугарија преку својата филијала посебно формирана и лоцирана во Холандија – Еastern European Electric Company B.V. (EEEC). Зделката вклучува превземање на  вкупно седум филијали на Групацијата CEZ во Бугарија (вклучително и 67% од најголемата електрана за Дистрибуција на CEZ  и најголемитот снабдувач на енергија CEZ Electro од Бугарија), 100% од акциите на најголемиот лиценциран трговец со електрична енергија во Бугарија CEZ Trade како и 100% од CEZ Bulgaria – компанија која ги координира и менаџира  сите филијали на Групацијата CEZ во Бугарија.

CEZ е наголем енергетски снабдувач и дистрибутер на електрична енергија во Бугарија, кој обслужува околу 3 милиони клиенти во најнаселениот југозападен дел на земјата, вклучувајќи го и главниот град на Бугарија, Софија. Во 2019 CEZ Бугарија прикажале вкупни приходи и средства од БГН 1.4 милијарди (Еур.700 милиони). Компанијата има над 3000 вработени во Бугарија.

Со стекнувањето на бизнисот на Групацијата CEZ во Бугарија, „Eurohold” ќе се фокусира на два главни сектори долгорочно – осигурување и енергетика. Вкупните средства и приходи на холдингот во делот на осигурувањете и енергетиката ќе ја надминат вредноста од БГН 3 милијарди (Еур. 1.5 милијарди), притоа обслужувајќи повеќе од 7 милиони клиенти и вработувајќи над 6000  лица.

Осигурување

Групација Триглав во 2020 година: Успешно работење во исклучително тешка година

Објавено

на

Во услови на пандемија на болеста COVID-19 и во средина со ниски каматни стапки во 2020 година, Групацијата Триглав ја покажа својата издржливости финансиска сила. Таа оствари 90,9 милиони евра добивка пред оданочување (индекс 90) и зголемен обем на осигурителната премијаво износ од 1.233,8 милиони евра (индекс 104). Групацијата, која во 2020 година повторно беше оценета со висока бонитетна оценка „А“, обезбеди деловен континуитет, стабилност и фокус на клиентите. Задоволството на вработените и на клиентите, што компанијата постојано го следи, во 2020 година го достигна највисокото измерено ниво. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување АД Скопје оствари добивка од 15,2 милиони денари во 2020 година

Објавено

на

Триглав Осигурување АД Скопје, заклучно со 31.12.2020 година оствари нето добивката од работењето во износ од 15.246 илјади денари, стои во финансискиот извештај на компанијата објавен на Македонска берза. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Која осигурителна компанија исплати најголеми премии за жртвите од земјотресот во Хрватска?

Објавено

на

Република Хрватска во последните години беше погодена од бројни катастрофи – од катастрофални пожари и поплави, до земјотреси и порој во Загреб, во кои граѓаните изгубија имот коj гo стекнуваа можеби цел живот. Според сеизмолошките  истражувања, Хрватска, заедно со Грција, Турција, Северна Македонија и Италија е во област со најтектонски ризик во Европа. (more…)

Продолжи со читање



Популарно