Connect with us

Останато

eTail Europe 2018 со важни заклучоци

Објавено

на

Овој месец во Лондон се одржа “eTail Europe 2018„. Присуствуваа стотици е-трговци за да разговараат за најновите индустриски трендови, случувања и предизвици. Ова е еден од најдобрите собири во рамки на Европа за е-трговци.

За да не се жалат тие што не присуствуваа, Швајцарската асоцијација за е-трговија направи листа со петте најкорисни предавања:

  • GDPR е одлична можност за трговците да ги ценат купувачите;
  • Пораст на мобилната е-трговија;
  • Купувај сега – плати подоцна;
  • Дигиталните брендови да инвестираат во brick & mortar и
  • Персонализацијата е клучот на задоволство и лојалност од страна на купувачите.

Секако, за повеќе да дознаете околу овие теми, проверете тука официјалниот блог пост од Македонската Асоцијација за е-трговија.

Останато

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ

Објавено

на

На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП РАЗВИ МОДУЛ ЗА АВТОМАТСКИ ПОВРАТ НА ДАНОЦИ

Објавено

на

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во придружба на Министерот за финансии, Драган Тевдовски, разговараа за реализираните проекти и реформите на УЈП во изминатата година како и за активностите на коишто Управата за јавни приходи ќе се посвети во текот на 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Значајно подобрена борбата против финансискиот криминал

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, оствари работна средба со директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Директорот информира дека во 2018 година Управата поднела вкупно 74 кривични пријави за дела со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 3 милијарди денари. Ова е значително повеќе во споредба со 2016 година кога била поднесена 41 кривична пријава со што е нанесена штета на Буџетот на РМ во износ од 293 милиони денари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange