Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Erste Investors’ Breakfast – Шеста конференција во организација на Ерсте Банка и Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Денес, 02.11.2018 година, шеста година по ред, во организација на Ерсте Банка и Шпаркасе Банка Македонија, во хотелот „Александар палас“ се одржа конференцијата „Erste Investors’ Breakfast“. Настанот претставуваше можност на едно место да се сретнат претставници од домашниот финансиски сектор со финансиски аналитичари и експерти од регионот, кои ги разменија своите искуства и видувања за актуелните трендови во финансискиот свет, глобално, регионално, како и со посебен осврт за Р. Македонија.

На конференцијата присуствуваше и министерот за финансии г. Драган Тевдовски, кој заедно со претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, г. Глигор Бишев, ја отворија конференцијата со свои воведни излагања. Главниот економист на Народната банка на РМ, г-ѓа Анета Крстевска, зборуваше за монетарната политика и за макроекономските превидувања за Р. Македонија, додека за актуелните состојби во однос на криптовалутата и нејзината иднина говореше специјалистот на Thomson Reuters, г. Иван Илековиќ. Во останатиот дел од конференцијата, експертите и аналитичарите од Ерсте Групацијата, како и реномиран претставник од Министерството за финансии на Р. Македонија, беа дел од трибината на темата „Приказ на големите пазари“.

„Се надеваме дека на денешниот шести по ред Erste Investors’ Breakfast на нашите колеги од финансиската фела им овозможивме во една помалку формална атмосфера да ги разменат видувањата за актуелните случувања во светот на финансиите и бизнисот, за годината што изминува, како и за плановите за развој во наредниот период. Како и секоја година ни претставува огромна чест и задоволство да бидеме домаќини на овој значаен настан во Р. Македонија и заедно со стручните аналитичари од Ерсте Групацијата да ги искажеме нашите препораки за справување со глобалните и со локалните предизвици што влијаат врз одржувањето на стабилна монетарна политика и стабилните услови за инвестирање во земјата и во регионот“ – изјави г. Борче Шулески, директор на Секторот за управување со средства во Шпаркасе Банка Македонија.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата, која се состои од 49 штедни банки со речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Република Австрија. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратегиска ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Заедно со банките ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од сеопфатните банкарски мрежи во регионот – Штаермеркише Шпаркасе, која со својата билансна сума од 15 милијарди евра, 2.751 вработен и 233 експозитури и регионални центри опслужува околу 702.414 клиенти во земјите од регионот на Југоисточна Европа.

Домашни банки

ПроКредит Банка со награда за најеколошка компанија

Објавено

на

Согласно јавниот конкурс на Град Скопје за општествено одговорни компании ПроКредит Банка АД Скопје беше избрана како најеколошка компанија која има успешна примена на интерни стандарди и придонес во зачувување на животната средина. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка започна да нуди услуги за тргување со хартии од вредност на странските пазари

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија, во рамките на своето Одделение за работа со хартии од вредност, започна да ги нуди своите брокерски и старателски услуги во процесот на тргување со хартии од вредност на странските пазари.

Имено, со преминувањето на Република Северна Македонија во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), им се овозможи на домашните банки да посредуваат при купопродажба на хартии од вредност во странство, со што се отвориjа поголеми инвестициски можности за физичките и правните лица. Согласно со соодветните измени на законската и на подзаконската регулатива во оваа област, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје презеде активности и соодветни подготовки за да биде една од првите банки што ќе им ги нудат овие услуги на своите клиенти.

Во рамките на инвестициското работење, Банката на своите клиенти им нуди брокерски и старателски услуги во 25 земји и на повеќе од 30-ина странски берзи – пазари на капитал, меѓу кои и најголемите берзи во светот: New York Stock, Exchange, NASDAQ, Börse Frankfurt, London Stock Exchange, Tokyo Stock Exchange и др.).

Услугите на странските пазари опфаќаат:

  1. Брокерски услуги: прием и пренос на налози за купување и продавање хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност и вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.
  2. Старателските услуги: чување хартии од вредност; порамнување, плаќање и извршување на трансакциите со хартии од вредност според старателски налози; наплата на приходи и известување за исплата на дивиденда, камата или доспевање на други побарувања од хартии од вредност; извршување старателски налози поврзани со корпоративни активности како и други услуги по барање и во договор со клиентите.

Со оваа услуга ќе им се овозможи на клиентите да ги алоцираат своите слободни парични средства и да го диверзифицираат портфолиото преку вложување и дисперзија на ризикот во хартии од вредност на странските финансиски пазари, каде што постои голема понуда на финансиски инструменти и хартии од вредност, повисока ликвидност и транспарентно корпоративно управување на компаниите издавачи. Покрај овие предности, би ги истакнале и можноста за индексирано вложување во т.н. индексни ЕТФ-фондови, можноста за инвестирање во странски должнички инструменти и управување со приносите и ризиците (преку вложување во инструменти од различни издавачи со различни доспевања и приноси), потоа инвестирање во инструменти на стоковите пазари и поврзани со движењето на цените на стоките (на пример, во злато, нафта, пченица, памук итн.) и други можности.

Сите детални информации околу можностите за инвестирањето на странски пазари, листата на пазари и тарифниците за услугите се јавно објавени во деловните простории на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, а исто така се достапни и на веб-страницата на Банката: https://sparkasse.mk. Заинтересираните клиенти ги повикуваме да нè контактираат и да закажат информативен состанок.

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ е првата овластена банка преку која ќе можете да тргувате со хартии од вредност на странските пазари

Објавено

на

НЛБ Банка со задоволство ги известува своите клиенти – физички и правни лица дека после неколку месечни интензивни подготовки за првпат во Македoнија ја овозможува услугата тргување со хартии од вредност на странски пазари. Со овој новитет, клиентите ќе можат да тргуваат со хартии од вредност на сите странски пазари, при што Банката ќе им обезбеди информации за настап на секој поединечен пазар како што се: информации за хартиите од вредност, трошоци за реализација на трансакциите, прием и пренос на налози за тргување и нивна реализација, чување на хартии од вредност-порамнување на реализираните трансакции и понатамошно водење на портфолиото. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange