Connect with us

Странски банки

Erste Asset Management управува со средства од над една милијарда евра во Хрватска

Објавено

на

„Erste Asset Management” на 7 јануари 2020 година надмина една милијарда евра средства под управување во Хрватска.

Па, со вкупно 7.501.257.330,21 хрватски куни, вклучувајќи ја и услугата за управување со приватното портфолио, таа стана првата компанија за управување со фондови во Хрватска што го постигна овој резултат. Од вкупните средства, 5,19 милијарди куни се во фондовите на UCITS, 1,6 милијарди куни во алтернативни фондови и 707 милиони куни во индивидуални портфолија.

Најголем дел од средствата се однесуваат на обврзничкиот фонд „Erste Adriatic Bond”, чии средства во јануари достигнаа износ од повеќе од 3,6 милијарди куни, што го прави убедливо најголемиот фонд во Хрватска веќе подолго време.

„Минатата година ги надмина нашите очекувања, а значаен придонес на овој резултат придодаде подобрувањето на макроекономската состојба и воопшто враќање на оптимизмот кај граѓаните и компаниите, но и каматните стапки на депозитите, што се на историски ниско ниво, така што штедачите бараат алтернатива. Со оглед на поволните ефекти на монетарната политика, фискалниот стимул и позитивниот сентимент на пазарот, очекуваме слично продолжување на трендот на развој на пазарот на инвестициски фондови во 2020 година. Годинава ја гледам како позитивна кога станува збор за инвестициските фондови, пред се заради подобрувањето на инвестициската клима и мислам дека за граѓаните и за институционалните клиенти во Хрватска и оваа година ќе биде прилично добар избор за инвестиција“, вели Јосип Главаш, главен извршен директор на „Erste Asset Management“.

„Erste Asset Management” е водечка компанија која управува со фондови и индивидуални портфолија во Централна и Источна Европа, која во Хрватска управува со осум отворени инвестициски фондови, два алтернативни инвестициски фондови и индивидуални приватни портфолија.

Странски банки

Банкарскиот сектор се стабилизира, берзите растат втор ден по ред

Објавено

на

На европските берзи утринава цените на акциите пораснаа втор ден по ред, најмногу во банкарскиот сектор, кој закрепнува по серијата мерки на централните банки за стабилизирање на секторот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми каматните стапки за 0,5 процентни поени со цел да ја намали инфлцијата

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) зголеми три клучни каматни стапки, за 0,5 проценти со цел да го намали нивото на инфлацција. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Роберт Кијосаки – човекот кој ја предвиде финансиската криза во 2008 година и колапсот на Леман Брадерс, предвидува слично сценарио и за уште еден банкарски гигант!?

Објавено

на

Колапсот на Silicon Valley Bank (SVB), која прекина со работа во петокот, откако не успеа да собере нов дополнителен капитал, па продаде државни обврзници со големи загуби за да ги исплати клиентите што ги подигнаа своите парични средства, придонесе целиот финансиски сектор да биде нестабилен и стравувањата се дека кризата може да се прошири и во други банки и земји. (more…)

Продолжи со читање

Популарно