Останато
ЕОЅ Матрих Македонија со нов, модерен и динамичен бренд заснован врз технологијата и иновациите

Компанијата ЕОЅ Матрих ДООЕЛ, членка на ЕОЅ Групацијата, која се занимава со управување со побарувања го претстави новиот изглед на брендот искажувајќи го својот фокус во тврдењето: „Ги менуваме финансиите кон подобро.“.
Како компанија која сака да ги промени финансиите на подобро, финансиите на клиентите, партнерите и на корисниците кои доцнат со плаќање, а со цел сè поефикасно управување со побарувањата, ЕОЅ Матрих ДООЕЛ сега чекори во новиот свет на брендот ЕОЅ чиишто главни обележја се динамиката, дигитализацијата и намерата за обликување на иднината.
Генералната Директорка на ЕОЅ Матрих д-р Катерина Бошевска се обрати на официјалното претставување на новиот бренд: „Ќе останеме доверлив и стабилен партнер кој ќе продолжи да ги процесира побарувањата со истите вредности и стандарди. Ние ќе продолжиме да иновираме секојдневно, станувајќи сè повеќе дигитално ориентирани и подобри со секој изминат ден, постојано проширувајќи ја нашата палета на производи. Изгледот на новото логото ја одразува различноста и разновидноста на ЕОЅ Групацијата. Истовремено ова динамично и самоуверено лого јасно покажува дека ја прифаќаме промената – промената кон подобро.“.
Новиот изглед на логото на ЕОЅ со својот дизајн ја истакнува новата насока на движење на ЕОЅ групацијата и намерата да одговори на растечките потреби на своите корисници со помош на технологијата и иновациите.
„Малата буква „e“ на логото ја означува интернационалноста на EOS групацијата и произлегува од англискиот јазик, како глобален јазик во кој ретко се користи голема буква. Истовремено првата буква, буквата „е“ потекнува и од деловните англиски термини, како што се е-трговија или е-пошта и покажува дека сме подготвени за подигитален свет. Големата буква „О“ со својата кружна форма го симболизира фокусот на нашите цели, да ги промениме финансиите на нашите клиенти и корисници кои доцнат со плаќањата кон подобро. Како што буквата „О“ е во центарот на логото, така и нашите цели се од централно значење. За крај, недовршената буква „S“ го нагласува фактот дека ние сме компанија во движење и го претставува нашиот процес на трансформација, на кој сме посветени последните неколку години. На овој начин покажуваме дека никогаш не престануваме да се развиваме. Никогаш нема да има крај на развојот на EOS, трансформацијата е дел од нашата ДНК.“ – истакнува ЕОЅ Матрих Македонија.
Запознајте го новиот бренд на ЕОЅ одблизу и следете ги сите новости на:
- Веб страницата на ЕОЅ Матрих: https://mk.eos-solutions.com/
- Социјални мрежи: https://www.facebook.com/eosmatrixmk/
- LinkedIn: https://mk.linkedin.com/company/eos-matrix-macedonia
Галерија:
Останато
„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)
Останато
Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје