Connect with us

Анализи

Платежните навики во Европа се влошуваат: EOS Matrix ги претстави наодите на истражувањето на ЕОЅ: „Европски платежни навики 2022“

Објавено

на

Во организација на EOS Matrix Macedonia, на 13 декември 2022 година во Хотел Мериот се одржа третиот по ред „Finance Talks“ настан. Со цел размена на вредните увиди за навиките на плаќање во Европа, EOS Matrix Macedonia ги претстави резултатите од истражувањето „Европски платежни навики 2022“ спроведено од EOS Групацијата во 16 европски земји и даде осврт на состојбата во земјата и регионот.

Под насловот: „Европски платежни навики: Презентациjа на истражувањето и дискусиjа за состоjбата на локалниот пазар“  на овој настан беа објаснети наодите на истражувањето кое EOS Групацијата го спроведува од 2007 година и го оценува расположението на меѓународната економија. Дополнително во рамки на настанот беше изложена презентација/анализа на состојбата со која се соочуваат компаниите во земјата и регионот, изработена од страна на компанијата Таргет Груп и презентирана од страна на генералниот директор и ко-основач на компанијата Огнен Огненоски во соработка со EOS Matrix. 

Присутните се запознаа со фактите и бројките на истражувањето во Европа и ги слушнаа вредните заклучоци кон кои упатува истражувањето. За значењето на овие бројки зборуваше и генералната директорка на EOS Matrix Macedonia, д-р Катерина Бошевска којашто истакна „Загрижувачки е што платежните навики континуирано се влошуваат. Компаниите го пролонгираат рокот за плаќање, споредбено 2019 со 2022 рокот се пролонгирал за околу 12% но и покрај тоа плаќањето се пролонгира дополнително на тој продолжен рок за дополнителни 10%“.

Секоја петта фактура во Западна Европа или секоја четврта во Источна Европа се плаќа со задоцнување или воопшто не се плаќа. Тоа се само некои заклучоци од нашето истражување кое го претставуваме денес во детали. Нашата цел е да ја подигнеме свеста за значењето на овие податоци за економијата како целина, истовремено истакнувајќи ги можностите за подобрување“ – изјави д-р Бошевска. Таа понатаму се осврна на неколку клучни факти: „Генерално, Европската економија е песимистична за идинината. Фактот дека моралот на плаќање значително опаѓа во првата половина од оваа година е загрижувачки, особено поради тоа што се очекува дополнителен пад во поглед на плаќањата, земајќи ги предвид моменталните економски параметри и високата инфлација. Задоцнетите и неуспешните плаќања им ја отежнуваат работата на компаниите. Намалената ликвидност на пример е една од позначајните импликации“.

Интересно е што Источна Европа е во предност пред Западна Европа во применета практика за професионално управување со побарувањата: Половина во компаниите во Источна Европа веќе се потпираат на надворешни партнери и овој тренд е во пораст. Истражувањето „Европски платежни навики“ јасно ја истакнува предноста од соработката со компании како ЕОЅ Матрих, на пример, кои имаат долгогодишното локално и меѓународно искуство во раководење и  управување со побарувања на своите клиенти. Ние сме фокусирани кон изнаоѓање на взаемно корисни решенија на долг рок кои ќе обезбедат финансиска одржливост, стабилност и подобрување на состојбата кај компаниите, но и кај самите граѓани“ – изјави д-р Бошевска. 

Повеќе информации на официјалната веб страница на EOS Matrix Macedonia: https://mk.eos-solutions.com/press/Finance-Talks. 

EOS Matrix, дел од Групацијата EOS, е водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања. 

„Finance Talks by EOS“ ги приближува европските трендови и практики поблиску до финансискиот сектор во регионот. Предводен од технологиjата и иновациите преку оваа платформа EOS Matrix цели да jа инспирира размената на идеи и експертиза со единствена цел: Changing finances for the better.

Групацијата EOS е водечки технолошки напреден инвеститор и давател на услуги во индустријата за управување со побарувања. Со над 45 години искуство, EOS им нуди на околу 20.000 клиенти во 25 земји ширум светот паметни услуги за сите нивни потреби за управување со побарувањата. Клучните целни сектори на EOS се банкарството, недвижностите, телекомуникациите, комуналните услуги и е-трговијата. EOS вработува над 6.000 луѓе и е дел од Групацијата Otto.

За повеќе информации за EOS  Групацијата, одете на: www.eos-solutions.com 

Анализи

Најдобри совети како да го реновирате вашиот дом во рамките на буџетот

Објавено

на

Домот треба да биде наше засолниште, но и среќно место каде ќе се релаксираме на крајот од напорниот ден и ќе креираме семејни спомени со нашите најмили. Токму затоа, секој од нас сака да создаде што поудобна и попријатна атмосфера во него. Една од причините поради која може да се одлучите да го реновирате домот е желбата да го направите подобро место за живеење или едноставно сакате промена и свежина во домот. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Каде и колку купуваат онлајн Македонците со платежните картички во странство?

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ направи анализа на објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, од каде што може да се увиди дека Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2022 година потрошиле 156.2 милиони евра што што претставува пораст од 46,31% во однос на минатата година и учество од 28% од вредноста на вкупните онлајн трансакции. Ослободувањето на мерките поврзани со пандемијата секако се одрази на е-трансакциите кон странските земји, посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Навика која ги издвојува успешните луѓе од останатите

Објавено

на

Патот до успехот често е поплочен со голем напор. Милионерите и олимпијците подеднакво ја нагласуваат важноста да се надмине конкуренцијата и да се поместат своите граници. (more…)

Продолжи со читање

Популарно