Connect with us

Останато

EOS Матрих создава платформа која го обединува финансискиот свет: „Finance Talks by EOS“

Објавено

на

Со цел да понуди еден поинаков пристап при изнаоѓањето на решенија ЕОЅ Матрих ДООЕЛ создава платформа за размена на експертиза и искуства под името „Finance Talks by EOS Matrix“. Преку организација на редовни квартални панел дискусии, „Finance Talks by EOS“ ги приближува европските трендови и практики поблиску до финансискиот сектор во регионот. Со ова, платформата обезбедува вреден увид во моменталните состојби од перспективата на повеќе засегнати страни. По одржаната прва панел дискусија изминатиот месец мај, ЕОЅ Матрих ја најавува и втората квартална дискусија во средината на септември 2022.

Првата панел дискусија модерирана од Генералната Директорка на ЕОЅ Матрих ДООЕЛ д-р Катерина Бошевска се одржа на темата „Управување со кредитен ризик во време на пост-ковид и економска (финансиска) криза.“. Гостите Фросина Целеска, директор на Дирекцијата за банкарска регулатива и решавање банки во Народна Банка на Република Северна Македонија, Владислав Хаџидинев, извршен директор и член на УО на УНИ Банка и Златица Трпеска Цивкароски, директор на Дирекцијата за наплата и управување со колатерали во Шпаркасе Банка како експерти во своето поле со долгогодишно искуство во областа на управувањето со кредитен ризик ги споделија своите анализи и заклучоци на темата. 

Дискусијата се фокусираше на неколку главни точки меѓу кои беа предвидувањата за трендовите на раст на нефункционалните кредити во претстојниот период, промените и растечките предизвици со кои се соочува финансискиот сектор во моментов, како и улогата на секоја од засегнатите страни во изнаоѓањето иновативни начини, односно концепти за справување со промените. 

 Потребно е многу сериозно внимание да се посвети на анализата на кредитните протфолија, особено поради тоа што потрошувачките кредити и кредитните картички ни се една специјалност на којашто сме горди и за што сметаме дека сме и едни од најконкурентните Банки.“ изјави Владислав Хаџидинев (УНИ Банка). Во насока на методите за справување со предизвиците тој додаде: „Уште пред да настапи светската пандемија го променивме пристапот на проценка на кредитниот ризик во однос на потрошувачките пласмани. Во таа област беше најчувствителна промената и се покажаа значајни измени. Дополнително, соработката со ЕОЅ Матрих во делот на продажбите ни овозможи дополнителен инструмент за оптимизирање на процесот на управување со ризикот.“. 

Во однос на пристапот, односно концептот на функционирање на Банките во регионот, излагање даде и Златица Трпеска Цивкароски (Шпаркасе Банка) која истакна: „Секоја банка има свој концепт на управување со дадени и предвидени ризици, во зависност од риск апетитите кои ги поставува на долг рок. Но, се разбира има неочекувани трендови на кои банките мора да реагираат брзо, агилно, а и прудентно, со цел не-предизвикување на билансна криза, а од друга страна континуитет во поддршката на своите клиенти. Во даден момент и најсовршено предвидениот концепт се чини неприменлив. Затоа, тимот со кој што работите мора да е подготвен за брзи прилагодувања. Во исто време не смеете да ги заборавите клиентите, бидејки со сите чекори, односно банкарска филозофија која ќе ја примените тие треба да се во фокусот.

Во однос на очекувањата на Регулаторот, во овој случај НБРСМ, свој увид даде Фросина Целеска: „Ако се погледнат моменталните состојби интересно е тоа што ние се наоѓаме во период во којшто стапката на нефункционални кредити е на историски најниско ниво. На крајот на месец април 2022 година стапката на нефункционални кредити е на 3,1%. Никогаш до сега не се случило стапката на нефункционални кредити на претпријатијата да се симне под 5% која во моментот е 4,2%, додека пак стапката на нефункционални кредити во однос на населението е 2,1%.“ сподели таа. Во однос на улогата на НБРМ во справувањето со ефектите од ковид-кризата Фросина додаде: „Народната Банка релативно брзо одговори на светската пандемија и излезе со предлог мерки за да овозможи олеснување на товарот за Банките и за клиентите пред сè, и веќе на 24 март 2020 беа објавени измени на Одлуката за управување со кредитен ризик каде се внесоа т.н. ковид олеснувања или ковид мерки – што сметам дека вроди плод и придонесе кон моменталната состојба. Би сакала да апелирам на нешто што веќе го има во нашиот банкарски систем – претпазливоста, прудентноста на нашиот банкарски систем значително дојде до израз и од тој аспект понатаму треба да продолжи за на некој начин да се намали овој товар којшто очигледно е дека сите ќе го чувствуваме.“.

Видеото од целата дискусија е достапно на YouTube каналот на EOS Матрих и можете да го погледнете во продолжение:

Информирајте се „Finance Talks“ платфрмата и настаните кои следат преку официјалната веб страница на ЕОЅ Матрих: mk.eos-solutions.com како и facebook страницата на компанијата: https://www.facebook.com/eosmatrixmk. 

Останато

Пензиите ќе се зголемат за 8,4 проценти!

Објавено

на

Советот на социјална сигурност денеска на состанок усвои зголемување на пензиите. Просечната пензија од 17 666 денари се зголемува на 19 150 денари. Зголемувањето на мартовската пензија согласно методологијата ќе биде зголемување од 8,4 проценти што е повеќе од очекуваното, информира премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ПАНТЕЛЕОН ГС понуди 330 милиони денари со што станува потенцијален сопственик на зградата на Еуростандард Банка во центарот на Скопје

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден, на третата електронска лицитација за продажба на зградата на Еуростандард Банка-во стечај како потенцијален и мошне извесен иден сопственик на имотот се јави компанијата Пантелеон ГС која понуди 330 милиони денари. Оваа понуда беше избрана за најдобра во текот на вчерашната електронска лицитација. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Стапката на инфлација во Аргентина се искачи на повеќе од 100 проценти

Објавено

на

Стапката на инфлација во Аргентина изнесува повеќе од 100 проценти, што се случи за првпат по хиперинфлацијата во оваа земја во текот на 90-тите. Аргентина банкротираше во 2001 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно