Останато
Европската Бизнис Асоцијација (ЕБА) се осврна на уште една успешна година и во 2023 зачекорува со проширено членство и бројни активности за компаниите членки, залагајќи се за европски вредности и подобра иднина

На 16.12.2022 година, во просториите на НЛБ Галерија, Европската Бизнис Асоцијација одржа настан каде претставниците на Асоцијацијата, заедно со претставниците на компаниите членки и поддржувачите на иницијативата се осврнаа на остварените успеси и реализираните активности во изминатата 2022 година.
Со цел вмрежување на присутните и чевствување на постигнатото, на настанот се обрати Д-р Катерина Бошевска, претседател на Европската Бизнис Асоцијација којашто ги истакна клучните постигнувања во изминатата година. „Оваа година Европската Бизнис Асоцијација имплементираше важни структурни промени. Воспоставиме нови принципи на работа и целосно се реорганизиравме“ – истакна Претседателката д-р Бошевска.
Една од најважните промени која ја имплементираше ЕБА оваа година е назначувањето на новиот извршен директор Иван Дургутов. „Иван Дургутов е магистер по правни науки. Тој е и млад европски амбасадор, тој е активно вклучен во бројни проекти во граѓанскиот и бизнис секторот, а кои се насочени кон подобрување на законските решенија, бизнис климата и можностите за развој. Прогресивен, амбициозен, го претставува она што Европската бизнис асоцијација во суштината е, нејзините вредности и стил“ – се обрати кон присутните д-р Бошевска.
Зголемениот број на членки ѝ донесе на Европската Бизнис Асоцијација нови можности за соработка и нова енергија со која Асоцијацијата продолжува да работи фокусирано на својата цел. Раководството на Асоцијацијата, благодарение на заложбата на компаниите членки постигна голем исчекор во 2022 година.
Осврнувајќи се на еден од најуспешните проекти, Претседателката д-р Бошевска им се обрати на присутните: „Отварајќи нови хоризонти, создаваме средина којашто ги промовира и ги поддржува интересите на компаниите членки и бизнисот во земјата. Одличен пример за тоа е проектот за усогласување на постапките за инсолвентност со ЕУ регулативата, попрецизно придонесот кој како ЕБА го дадовме на Проектната Единица при Министерството за економија, Проект финансиран од SECO-Секретаријат за економски прашања на Швајцарија и IFC – Меѓународната финансиска корпорација која е дел од Групацијата Светска Банка“. Остварента соработка и заедничката работа на Асоцијацијата, компаниите членки и поддржувачите на оваа деловна унија, директно придонесува кон приближувањето на европските бизнис практики и овозможувањето на потребните услови за нивна имплементација на домашниот терен.
Во однос на плановите за годината којашто претстои, Претседателката истакна: „Нашата мисија за годината која претстои е да работиме уште поактивно, да организираме и спроведеме повеќе средби со и меѓу членовите и да ги застапуваме интересите на компаниите членки на нови хоризонти. Со ова на ум целиме кон нови успеси кои ќе го поттикнат заедничкиот напредок. На повидок се нови проекти, нови работни групи во кои ќе учествува Асоцијацијата и нови активности кои директно ќе придонесат кон реализација на нашата цел. Но најнапред, годината ќе ја започнеме со ново собрание, и формализирање на новиот Управен одбор кој ќе ја води асоцијацијата во реализација на нејзините проекти.“
Европската Бизнис Асоцијација во оваа пригода ги истакна и успешните приказни на своите компании членки. Признание и посебна благодарност беше доделена до компаниите кои се истакнаа за долгогодишна соработка и заедничка реализација на проекти, Шпаркасе АД Скопје и Везе Шари. Како нејзини премиум членки посебна благодарност за придонесот кон развојот на ЕБА беа доделени на компаниите НЛБ Банка АД Скопје, Макстил АД Скопје и ЕОЅ Матрих Македонија. Европската Бизнис Асоцијација ги истакна и компаниите основачи на ЕБА, доделувајќи плакета за благодарност за долгогодишниот придонес и особен развој како основачи и премиум членки на Алкалоид АД Скопје и Пивара АД Скопје.
Останато
Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција. (more…)
Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје