Connect with us

Останато

Лансирана првата интерактивна и едукативна веб платформа за е-трговија – „E-commerce4All”

Објавено

на

Со цел едукација на населението, зголемување на конкурентноста на е-трговците, како и уште поголем раст и развој и промоција на е-трговијата во нашата земја, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, денес ја промовираше првата бесплатна и интерактивна веб платформа за е-трговија „E-commerce4All”.

Веб платформата, преку едноставен и брз пристап, ќе им овозможи на сите потенцијални и постоечки е-трговци на едно место да стигнат до потребните информации за започнување и правилно водење на една е-продавница, вклучувајќи ги клучните аспекти во синџирот на е-трговијата како што се: регулатива, испорака и е-плаќање. 

Дополнително, платформата „E-commerce4All“ директно ќе промовира и успешни приказни од областа на е-трговијата, ќе помогне во справување со сивата економија во е-трговијата и транспарентно ќе ги прикаже сите сертифицирани е-трговци кои ги исполнуваат сите услови според регулативата во нашата земја.

Платформата ќе содржи пет модули кои ќе се градат и промовираат одделно во различни фази на проектот. Со денешното лансирање на веб платформата се промовира и првиот модул кој се однесува на регулатива за е-трговија во С. Македонија и содржи сеопфатни прирачници за состојбата со е-трговијата во нашата земја, информации за основање на компанија која работи со е-трговија – односно податоци што секој е-трговец задолжително треба да ги знае. 

Веб платформата „E-commerce4All“, која е прилагодена за користење преку веб и мобилен уред, е достапна на следниот линк. Сите заинтересирани физички или правни лица, можат бесплатно да се регистрираат и да започнат со користење на истата.

Овозможувајќи и олеснувајќи го пристапот кон сите информации кои се потребни за основање и водење на еден е-бизнис, не само за оние кои веќе имаат своја е-продавница, туку и за оние на кои им е неопходна оваа едукација за полесна адаптација на тековните трендови, АЕТМ активно учествува во создавање на услови за развој на заедницата во полето на е-трговијата. Се надеваме дека оваа веб платформа ќе им биде од голема корист на сите нови и постоечки е-трговци и ќе им служи како информативен центар за олеснување на нивното работење.“ – вели Марија Ристовска, проект менаџер во АЕТМ.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми кон инклузивна е-трговија, а преку оваа веб платформа која е дел од иницијативата „E-commerce4All”, има за цел да креира иднина за раст на е-трговијата и успех во рамките на Република Северна Македонија. Развојот на оваа бесплатна едукативна платформа е поддржан и од Царинска управа, Фонд за Иновации и Технолошки Развој, како и сите членови на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Останато

УЈП: Корисниците на МОЈДДВ кои имаат трансакциска сметка на Еуростандард банка да извршат промена

Објавено

на

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои во апликацијата МојДДВ имаат внесено трансакциска сметка од Еуростандард Банка, да извршат промена со внесување на валидна трансaкциска сметка, со цел исплата на средства од поврат на ДДВ за физички лица.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Рустеми: „АД Пошта” ја стопираше услугата платен промет, откако ѝ е одземена дозволата на Еуростандард банка

Објавено

на

Генералниот директор на АД Пошта Северна Македонија, Ејуп Рустеми на прес-конференција одржана по повод одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка АД Скопје со која Македонската пошта имаше договор за извршување на услугата платен промет, изјави дека платниот промет што се врши преку АД Пошта Северна Македонија е стопиран и ќе се активира кога ќе биде потпишан договор со друга банка во законска процедура. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фондот за осигурување на депозити: Депонентите во Еуростандард банка АД Скопје ќе бидат обештетени за своите депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит

Објавено

на

Фондот за осигурување на депозити согласно Решението на гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15 -20139/1 од 12 август 2020 година за укинување на дозволата за основање и работа на Еуростандард банка АД Скопје ги известува сите физички лица – депоненти на Еуростандард банка АД Скопје дека обесштетувањето по основ на вкупни депозити кои ги имаат во Банката ќе започне во рок од 20 дена и ќе се изврши во согласност со законските прописи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно