Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Платежни картички

Dynamics Wallet Card – нова мултифункционална картичка од Visa

Објавено

на

Visa и Dynamics повторно со својата иновативност докажаа дека се чекор пред другите и понудија уникатно решение за сите корисници. Тие претставија нова мултифункционална картичка Dynamics Wallet Card што чува податоци од различни дебитни, кредитни и картички за лојалност.

Dynamics Wallet Card ima иста форма и големина како и вообичаените Visa картички. Разликата е во тоа што таа е надградена со чип од мобилен телефон кој е вграден во картичката и антена кои овозможуваат низа нови подобрени функции.

Исто така, има и дисплеј од 65.000 мегапиксели што овозможува пренесување на информации од и до картичката на било кое место и во било кој период од денот. Доколку досега корисниците известувањата за извршените трансакции или моменталните состојби на сметката ги добивале на својот мобилен телефон , со овој новитет истите информации и известувања тие ќе ги добиваат директно на своите картички.

Дисплејот покажува која картичка се користи во моментот, а доколку некоја информација биде компромитирана, банката веднаш ги брише и креира нова сметка. Ако се забележи сомнителна зделка корисникот одбира опција Not Me да пријави злоупотреба и бара нов број на картичка на лице место.

Според Visa, дигиталната картичка самостојно наплаќа и банките можат да ги издаваат во малопродажните филијали. Клиентите потоа ги активираат и веднаш ги “полнат“ со податоците од останатите картички.

Повеќе

Платежни картички

Старо за ново! – промотивна понуда за сите корисници на ЦКБ Mastercard картичките

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје во соработка со iStyle на своите корисници на Mastercard платежни картички им нуди поволност за замена на старите уреди со нови.

(more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

НЛБ Банка со промотивна кампања за НЛБ haPPy картичките

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 22.04.2019 до 31.05.2019 година подготви промотивна кампања за НЛБ haPPy картичките. Двоен кешбек, за двојно повеќе среќа! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Со Халкбанк и Mastercard заменете го вашиот стар уред за нов

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје во соработка со iStyle на своите корисници на Mastercard платежни картички им нуди поволност за замена на стариот уред со нов. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange