Connect with us

Домашни банки

ДОМАШНИТЕ БАНКИ НА УДАР: Најавен и реализиран DDoS напад на веб страните и останати сервиси на банките?

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден, сите домашни банки и регулаторот – Народна банка беа изложени на DDoS напад од страна на засега непозната група на хакери.

Некаде во периодот по 18 часот веб страните на сите домашни банки беа целосно нефункционални, а воедно и сервисите до кои се пристапува преку веб страниците (како електронско банкарство и слично).

Симптоматично е што група на хакери кои се “кријат” под името “Powerful Greek Army” на својот Twitter профил уште пред два дена најавија дека сите банки кои се лиценцирани од страна на Народната банка ќе бидат наскоро исклучени.

Тие на својот Twitter профил во текот на вчерашниот ден објавија доказ за секоја банка поединечно дека успеале да ја бутнат нивната веб страна и да ги направат сервисите нефункионални.

Сите објави можете да ги погледнете ТУКА.

Дали станува збор за напад на банките или напад на некој опслужувач преку кој успеале да ја попречат работата на банките останува да видиме.

Досега ниту една банка, ниту Народната банка не извести за оваа случка.

Што поточно претставува DDoS нападот и какви се реперкусии може да предизвика прочитајте ТУКА.

Редакцијата на Банкарство утрово се обрати до Народната банка дали реагирала на оваа најава за напад цели два дена пред да се случи и ги известила банките да го зголемат нивото на безбедност.

Дополнително консултиравме и експерти од сајбер безбедноста со цел да обезбедиме дополнителни информации поврзани со тоа колку е сериозен овој напад и какви последици може да остави.

Домашни банки

Известување од ТТК Банка за предвремена исплата на пензиите од денес (28-ми јуни 2022 година)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (28-ми јуни 2022 година), започна со исплата на пензијата за месец јуни на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска помош од Комерцијална банка за организација на Светското првенство во шах за слепи во Охрид

Објавено

на

Во својата долгорочна мисија секогаш да им помогне и да излезе во пресрет на потребите на лицата со хендикеп, Комерцијална банка на свое големо задоволство финансиски ќе го помогне одржувањето на Светското првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица во Охрид. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк започна со предвремена исплата на јунските пензии

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти пензионери дека пензиите за месец јуни се веќе на нивните сметки од денес (28.06.2022 – вторник) и истите можат слободно да ги користат при пазарење со своите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии. (more…)

Продолжи со читање


Популарно