Connect with us

Останато

Доделени признанија „Македонски квалитет 2022“: Домашните компании умеат и во кризни состојби

Објавено

на

Десет домашни реномирани компании денеска го добија престижното признание „Македонски квалитет 2022“ кое го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на претседателот нa државата. Признанијата ги доделија претседателот на Р. С. Македонија  Стево Пендаровски и претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски.

Комисијата согласно прецизно воспоставените критериуми внимателно ги селектираше македонските претставници кои имаат традиција во создавање и одржување на национален бренд. Добитници на признанијата за 2022 година се „Гео мрежа“, „Донирај компјутер“, „Дуна“, хотелите „Климетица“ и „Маива“, „Слога“, „Вита Нова“, „Перпетуумобиле секјурити“, „Бовин“,  „Тримекс“ и „Рептил“.

Денеска сме тука да им оддадеме признание на овие компании кои и покрај силните предизвици успеаја да ја зачуваат деловната активност, да креираат работни места, да создадат додадена вредност и да придонесат за економски раст и развој. За да се опстане на пазарот во екстремно тешки услови какви што денеска постојат  потребна е голема храброст, силен претприемачки дух, големо знаење и вештини за водење бизнис, огромен внатрешен капацитет, кој со гордост може да кажеме дека ги поседуваат претставниците на компаниите кои денеска се тука со нас. Тие докажуваат дека со силната волја и пожртвуваната работа може да се постигне позитивна промена“, истакна Ангелоски.

Во знак на одлична соработка и поддршката за унапредување на економското окружување која ја дава претседателот Пендаровски, Сојузот му врачи Признание.

Во оваа битка за спас на економијата ја имаме поддршката од претседателот Пендаровски што многу ни значи, заеднички реализирајќи многу активности меѓу кои и подготовката на стратешкиот документ Рамката за развој МКД 2030, каде идентификуваме заеднички проблеми и приоритети кон чие остварување треба да се насочат ресурсите во државата во наредниот период. На денешниот настан ние како Сојуз на стопански комори заедно со претседателот Пендаровски уште еднаш ги истакнуваме позитивните и успешни претставници на бизнис заедницата со цел јавно да го валоризираме нивниот труд, да ги охрабриме за нови успеси но и преку нивните позитивни примери да поттикнеме нови генерации на успешни деловни промотори и амбасадори на нашата земја“, истакна Ангелоски.

Претседателот Пендаровски упати честитки до компаниите, посочувајќи дека претставува задоволство да се наградат оние македонски брендови кои не правејќи компромис со квалитетот, остануваат доволно атрактивни и за клиентите и за потрошувачите.

Имајќи ја предвид сложената економска состојба, овие претпријатија не само што не отстапија од својата посветеност на квалитетот, туку со тоа придонесоа и за повисок економски раст, што е национален приоритет број еден. Овој приоритет подразбира зголемување на продуктивноста, подигнување на конкурентноста на економијата, масивно вложување во иновациите и технолошкиот развој и нови домашни и странски инвестиции. Многу од овие аспекти зависат токму од подготвеноста на секоја од компаниите да не отстапат од парадигмата на квалитетот и во кризни и во мирни времиња“, истакна во обраќањето претседателот Пендаровски.

Оваа манифестација се одржува секоја година во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските претставници на национален бренд за тековната година.

Останато

Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Објавено

на

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Објавено

на

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Објавено

на

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно