Connect with us

Странски банки

Deutsche Bank потпиша договор со САД вреден 7,2 милијарди долари

Објавено

на

Deutsche Bank склучи спогодба со Министерството за правда на САД вредна 7,2 милијарди долари, откако германската банка беше обвинета за издавање обврзници врзани со високоризични хипотекарни кредити во 2006-2007 година. 

Банката треба да плати граѓанска казна од 3,1 милијарда долари на американското Министерство за правда и 4,1 милијарда долари за олеснување на хипотекарните должници, сопствениците на домови и заедници кои биле погодени од големиот пад на цените на живеалиштата.

 

Договорот од 7,2 милијарди долари е најголем договор склучен со одделна банка за случаите на хартии во вредност загарантирани со хипотекарни кредити од финансиската криза во 2008 година.

 

Во пресрет на финансиската криза од 2008 година, што доведе до глобална рецесија, банките и инвестициските компании продаваа хартии од вредност загарантирани со хипотекарни кредити.

 

Странски банки

Дали конечно турската централна банка ќе ја зголеми основната каматна стапка со цел намалување на енормната инфлација!?

Објавено

на

Комитетот за монетарна политика на турската централна банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, пренесува турската државна телевизија „ТРТ Хабер”. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Русија почнува со етапно пуштање на својата дигитална рубља

Објавено

на

Централната банка на Русија откри дека започнала со тестирање на својот проект за дигитална рубља и дека ќе биде претставен со нови функции од 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Добивката на најголемата европска банка се намали за 15 проценти во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Најголемата европска банка „HSBC Holdings” објави пад на профитот од 15 проценти во првото полугодие, бидејќи резервите за покривање на потенцијалните загуби од кредитите значително го надминаа растот на нето каматниот приход. (more…)

Продолжи со читање


Популарно