Connect with us

Странски банки

Deutsche Bank драстично ги намали бонусите

Објавено

на

Германскиот банкарски гигант Deutsche Bank ги намали бонусите со повеќе од три четвртини во минатата година, покажува годишниот извештај, пренесува ВВС.

 

Бонусите се намалени до 0,50 милијарди евра во споредба со 2,4 милијарди евра од претходната година. Вкупно за плати на вработените во банката, кои се над 100.000 во сите нејзини филијали во светот, се издвоени 8,9 милијарди евра во 2016-та година во однос на 10,5 милијарди евра од претходната година.

Deutsche Bank се обидува да ги намали трошоците, така што скрати над илјада работни места во минатата година. Таа е во процес на регрутирање на 8 милијарди евра преку продажба на нови акции.

Во понеделник цената на акциите на банката се намалија за 1%, до 17.67 евра. Таа регистрира годишни загуби во износ од 1,4 милијарди евра во 2016-та година, откако се договори да ги плати казните кои беа наметнати од судот. Во 2015-та година, сепак Deutsche Bank регистрираше поголема загуба од 6,4 милијарди евра.

Само во последните три месеци од 2016-та година банката загуби 1,9 милијарди евра, главно поради рекордната парична казна, која и беше наметната во САД. Во јануари таа беше казнета од американските и британските регулатори заради план за перење на руски пари.

Големите банки платија големи парични казни во последните години поради бројни нерегуларности, вклучувајќи ја злоупотребата на каматните стапки, девизните курсеви и незаконска продажба на производи.

Покрај тоа условите за нив се влошуваат и поради зајакнувањето на регулациите. Задржувањето на ниските каматни стапки се друг елемент во тешката ситуација за банките, бидејќи е многу потешко да се постигне добивка, кога разликата помеѓу каматата на заемите и депозитите се толку мали.

Deutsche Bank, која минатата година беше прогласена за банка со најголем ризик во светот од Меѓународниот монетарен фонд поради глобалната слабост, побавно од конкурентите презема акција да се опорави од финансиската криза во 2008-ма година.

Во моментов банката е во процес на затворање на 200 филијали во Германија и на намалување на околу 9.000 вработени.

Странски банки

Новата анкета на ЕИБ покажува позитивен развој на настаните во банкарското кредитирање во Централна, Источна и Југоисточна Европа

Објавено

на

Европската инвестициска банка (ЕИБ) го објави есенското издание за 2021 година на својата анкета за банкарското кредитирањево ЦИЈИЕ. Извештајот ги истражува стратегиите на меѓународните банки активни во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) и пазарните услови како што ги оценуваат банките кои работат таму. Извештајот обезбедува анализа и споредба на ниво на регион и на ниво на поединечни земји. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕИБ: Позитивни движења во банкарското кредитирање

Објавено

на

Во Централна, Источна и Југоисточна Европа побарувачката за кредити е зголемена и пристапот до кредити е олеснет, но подобрувањата првенствено се однесуваат на физички лица, а не на стопанството, покажува новата студија на Европската инвестициска банка. Истражувањето укажува на позитивни трендови во банкарското кредитирање во Централна, Источна и Југоисточна Европа Во последните шест месеци состојбата кај проблематичните кредити е подобрена, но не се очекува ваквото подобрување да продолжи и во наредните шест месеци, што укажува на одредена неизвесност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕЦБ: Наскоро ќе заврши силниот раст на цените во еврозоната

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) верува дека инфлацијата го достигнала врвот во ноември, што значи дека би било прерано да се зголемат каматните стапки бидејќи растот на цените веројатно постепено ќе забави следната година, рече членката на одборот Изабел Шнабел. (more…)

Продолжи со читање



Популарно