Connect with us

Криптовалути

DCEP – новата дигитална валута која ќе го покори светот?

Објавено

на

Хуанг Кифан, извршен потпретседател на кинескиот Центар за меѓународна економска размена, потврди дека Народната банка на Кина планира да воведе своја дигитална валута, која ќе биде наречена „DCEP“ (електронско плаќање со дигитална валута).

Форумот „China Financial 40“ (CF40), организација фокусирана на истражување на финансиската политика и академска размена, објави видео во кое се извадени извадоци од говорот на Кифан за време на инаугуративниот финансиски самит на Бунд, што се одржува од 27-29 октомври во Шангај.

Кифан исто така, изјави дека Кина ја разгледува можноста за создавање на прекуграничен систем за плаќање што ќе го користат банките и другите финансиски институции за брзо, точно и безбедно испраќање и примање информации, како што се упатства за трансфер на пари, независно од SWIFT.

“SWIFT е застарен, неефикасен и скап систем на плаќање. За големи дознаки обично се потребни хартиени документи, што претставува дополнителна тешкотија за ефективно обработка на големи трансакции” – изјави Хуанг Кифан, при што додаде: “Во исто време, SWIFT обично наплатува такса од една десетина од износот на порамнувањето и притоа заработува огромна добивка врз основа на платформата бидејќи станува збор за монопол”.

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Бесими: Користењето на „крипто валутите“ ќе се уредува со закон

Објавено

на

„Користењето на виртуелните средства со вредност познати како „крипто валути“ ќе се уредува со закон. Во моментов Министерството за финансии заедно со Управата за финансиско разузнавање како и финансиските регулатори и супервизори работат на утврдување на сите аспекти што произлегуваат од овој нов феномен. Решенијата ќе бидат имплементирани во новиот Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам“, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими на настанот организиран по повод означување на почетокот на проектот „Зајакнување на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање на Република Северна Македонија“, финансиран од Кралството Холандија. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Започнува со работа првата крипто-берза во Босна и Херцеговина

Објавено

на

Првата крипто-берза во БиХ ќе започне со работа на 14 септември. (more…)

Продолжи со читање

Популарно