Connect with us

Анализи

Crowdfunding – алтернативен начин на финансирање!

Објавено

на

Crowdfunding претставува начин како да дојдете до финансии за отпочнување на сопствен бизнис, проект или да реализирате било каква идеја со помош на други луѓе. Поточно, прашувате голема бројка на луѓе да ви помогнат преку давање на мала сума на пари. Правите профил на вашиот бизнис или проект на веб платформа со таа намена. Најдобро рангирани платгорми се: Go Fund MeKick Starter и Indiegogo.

Првиот проект, кој бил финансиран на ваков начин, само што немало онлајн платформа за таа намена, е турнеа на рок бендот Марилион. Тоа било во далечната 1997 година. Бендот немал доволно финансии за да оди на турнеа со нивниот седми албум. Нивните фанови одлучиле да соберат средства за турнеата да се оддржи. Самиот бенд не бил вклучен во собирањето пари, а фановите успеале да соберат 60.000 долари. Подоцна бендот продолжил да го користи овој начин на финансирање, а им се приклучиле и новинари и режисери.

Првата Crowdfunding платформа била направена во 2001 година. Во 2012 година можело да се забелажат повеќе од 500 платформи онлајн. Истата година, во месец февруари, за прв пат проект успеал да собере еден милион долари.

Денес, се повеќе се употребува ваквиот начин на финансирање. Но, пред да одлучите да поставите проект на некоја од платформите, треба добро да се информирате за начинот на работење на платформите и законските одредби во Македонија околу алтернативните начини на финансирање.

Единствената држава во регионот каде што правно е најуреден овој начин на финансирање е Хрватска. Веќе има успешни примери на стартапи кои успеале да соберат милионски суми на ваков начин. Кај нас, дури годинава започна да се решава овој начин низ институциите.

Покрај Crowdfunding-от како алтернативен начин на развој на идеја/проект може да се земе и Crowdsourcing-от.  Тоа е специфичен модел преку кој индивидуалци или организации, најчесто преку Интернет, можат да добијат помош за нивната идеја. Таа помош може да биде или финансиска или да отстапите дел од работата на некој друг. Всушност, собирате група на луѓе кои се спремни да ја финансираат вашата идеја или да одвојат време да работите заедно.

 

 

Анализи

Сегашната криза, идните пензии и алтернативните вложувања

Објавено

на

Демографските предизвици со кои се соочуваат повеќето развиени и не толку развиени држави во годините зад нас доведоа до редизајнирање на пензиските системи и преземање на дополнителни мерки кои се насочени кон обезбедување на долгорочни извори на приходи, пред се заради обезбедување на соодветни приходи за идните пензионери. Неповолните трендови доведоа и до некаде поуспешно, а некаде помалку успешно, кревање на свесноста дека стареењето на населението, особено кога е придружено со одлив на работна сила, на долг рок се очекува да има негативно влијание како врз приливите и финансиската кондиција на државните пензиски фондови, така и врз буџетските приходи. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Оштетените штедачи во Еуростандард со апел: Актерите во пропаѓањето на банката да добијат оскар!

Објавено

на

Оштетените штедачи на Еуростандард Банка преку соопштение доставено до редакцијата на Банкарство се обраќаат до јавноста со цел, како што велат тие да го започнат процесот на известување на јавноста за сите детали во врска со пропаѓањето на Еуростандард банка.  (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Finance Think: Кризата предизвикана од КОВИД-19 најмногу ги погоди граѓаните со ниски приходи

Објавено

на

Кризата предизвикана од Ковид-19 силно ги погоди нискодоходовните групи граѓани кои најчесто работат на нископлатени работни места или се дел од неформалната економија, примаат социјални трансфери или дознаки од странство. (more…)

Продолжи со читање

Популарно