Connect with us

Останато

COVID-19 ЈА МЕНУВА ТРАДИЦИЈАТА: Светскиот економски форум во 2021 ќе биде одржан во Сингапур

Објавено

на

Светскиот економски форум (WEF), односно Самитот во Давос кој секоја година традиционално се одржува во Давос, Швајцарија на почетокот од годината, поради пандемијата на Ковид-19 оваа година ќе се одржи во Сингапур од 13 до 16 мај 2021 година, изјави претседателот на Светскиот економски форум (WEF), Борге Бренде.

Бидејќи пандемијата на Ковид-19 ги отежнува насоките и протоколите за задржување на здравјето и безбедноста на учесниците во Европа, организаторите веќе еднаш го одложија годишниот собир за мај наместо во јануари, а потоа на крајот одлучија и воопшто да не се одржи во Швајцарија.

Само еднаш претходно собирот беше одржан надвор од Швајцарија. Форумот во 2002 година беше одржан во Њујорк во знак на солидарност после терористичките напади на 11 септември.

Организаторите изразија надеж дека форумот во 2022 година ќе се врати во Давос, каде што сега се на сила мерки против епидемијата на коронавирусот.

Криптовалути

Објавено е првото тргување со фјучерси за биткоин

Објавено

на

Првото тргување на берзански фонд поврзано со фјучерси на биткоин беше извршено на Волстрит, што значи дека инвеститорите во криптовалути конечно го добија она што го бараа, пренесува „CNN”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Авганистанската економија ќе има пад до 30 проценти, што може да доведе до бегалска криза

Објавено

на

Авганистанската економија може да се намали за 30 проценти оваа година, и тоа најверојатно ќе поттикне бегалска криза што ќе ги зафати соседните земји, Турција и Европа, објави Меѓународниот монетарен фонд. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ковачевски: До крајот на 2022 година МФ ќе спроведе реформа во буџетското сметководство, од готовинско преминуваме на пресметковно начело

Објавено

на

Силни, ефективни и отчетни институции во јавниот сектор се клучни за воспоставување стабилно економско опкружување и одржлив раст, што се покажа и во услови на пандемијата предизвикана од ковид-19. Оттука, основната цел на водењето буџетско сметководство и буџетско известување е круцијално за управување со Буџетот и постигнување финансиска одговорност при изготвување и носење на деловните политики и одлуки, односно урамнотежено буџетско трошење од реално расположливите средства. (more…)

Продолжи со читање



Популарно