Connect with us

Странски банки

Commerzbank ќе затвори повеќе од половина од своите филијали низ Германија!?

Објавено

на

Според „Börsen-Zeitung”, извршниот одбор на германската „Commerzbank AG” планира да затвори повеќе од половина од 1.000-те филијали низ целата земја до крајот на 2023 година. Покрај тоа, се планира да се намалат речиси 10.000 работни места од вкупно 32.792 колку што во моментов брои германскиот банкарски гигант.

Овие кратења беа најавени уште минатата есен. Потоа, банката најави дека ќе затвори 200 филијали и ќе намали околу 4.300 работни места, што требаше делумно да се компензира со отворање на околу 2.000 работни места на други позиции.

Според весникот, програмата наречена „пресврт“ е на агендата на Надзорниот одбор денес по кадровски прашања, по што ќе се одржи дискусија.

Како што може да се заклучи, концептот на Извршниот одбор за неколку места се однесува на стручното мислење кое сојузната влада, како најголем акционер на „Commerzbank AG”, го нарача од консултантската компанија „БЦГ” во 2019 година.

Сепак, досега, федералната влада го задржа извештајот „под клуч“, без да преземе поконкретни чекори.

Странски банки

ПроКредит Групацијата постигна значителни резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

Објавено

на

Групацијата ПроКредит, која главно е активна во Југоисточна и Источна Европа, објави висок финансиски резултат од 94,0 милиони евра за првите девет месеци од 2023 година. Приносот на капиталот значително се подобри на ниво од 13,6 %, со што се нагласуваат среднорочните проекции на групацијата. Добриот резултат главно беше поттикнат од континуираната позитивна динамика на нето-каматната маржа, како и од подобрениот коефициент трошоци-приходи од 58,7%. Стабилните показатели за кредитниот ризик доведоа до умерена цена на ризикот од 20 базични поени, каде спаѓаат и дополнителните резервации за загуби резервирани во третиот квартал на работењето на групацијата во Украина. Како резултат на силниот оперативно-финансиски развој во целата групација, Управниот одбор реши на 26 октомври 2023 година повторно да ги подигне проекциите за финансиската 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕБОР го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Банката во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Северна Македонија. Тој ќе ја преземе функцијата на 1 ноември и ќе ја води канцеларијата на Банката во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ПроКредит Холдинг АД: Успешно спроведена трансформација во акционерско друштво

Објавено

на

Матичната компанија на развојно ориентираната Групација ПроКредит успешно ја заврши трансформацијата на својата правна форма во акционерско друштво (AG). Трансформацијата беше завршена со внесување на ПроКредит Холдинг АД во трговскиот регистар на 27.9.2023 година. Претходно, на Годишното генерално собрание одржано на 5.6.2023 година беше донесена одлука за одобрување на промената на правна форма со многу големо мнозинство. Трансформацијата во акционерско друштво има за цел дополнително да го подобри прифаќањето на инвеститорите, особено меѓу учесниците на меѓународниот пазар, а, во исто време, да ја поедностави корпоративната структура. Деловниот фокус на ПроКредит Холдинг, особено со акцент на Југоисточна и Источна Европа и неговата посветеност да се постигне влијание, остануваат непроменети. (more…)

Продолжи со читање

Популарно