Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Странски банки

Commerzbank забележа зголемен раст

Објавено

на

Напорната работа на германската „Commerzbank AG“ во потрага по добри перформанси започнува да се исплати во вториот квартал од годината, но по повисока од очекуваната цена.

Добивката и приходите на втората по големина берзански тргувана германска банка се покажаа повисоки од очекуваните за вторите три месеци од годината делумно благодарение на агресивното ширење на нејзиниот бизнис. Сепак, основните нивоа на капитал изненадувачки се намалија поради преземањето повеќе ризици во корпоративната кредитна книга.

„Commerzbank“ имаше тешкотии да го префрли силниот клиентски раст во дополнителни приходи поради ниските каматни стапки и силната конкуренција од други банки. Финансиска институција исто така си плаќа за постигнување на целта од дополнителни 2 милиони клиенти на мало во Германија за четирите години до 2020-та година, а во вторникот предупреди дека оперативните трошоци може да се покажат малку повисоки од очекуваното во оваа година.

„Што се однесува до инвестициската активност, регулаторниот придонес и трошоците за проекти, ние благо ги корегиравме нашите цели за трошоците за целата 2018-та година до 7,1 милијарди евра“, се вели во соопштението на главниот финансиски директор на банката Штефан Енгелс.

Главниот извршен директор на „Commerzbank“, Мартин Цилке вети дека ќе ги зголеми нејзините приходи до 9,8 милијарди евра – вредноста на која беа во 2015-та година, една година пред тоа тој да го објави својот план за реструктуирање на финансиската институција.

 

Странски банки

ММФ прогнозира раст на македонската економија од 3,2%

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд во најновиот изештај ја зголеми проекцијата за растот на македонската економија за годинава на 3,2 проценти од БДП, од првично проектираните 3%. Во извештајот, за следната година ММФ предвидува раст од 3,4%, а до 2024 година очекува економијата во земјата да порасне за 3,5 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Deutsche Bank вмешана во корупциски скандал во Кина

Објавено

на

Deutsche Bank ја тресе корупциски скандал поврзан со работењето на најголемата германска кредитна куќа во Кина, пренесуваат Süddeutsche Zeitung и New York Times. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Банката UniCredit воведува негативни каматни стапки за штедењето

Објавено

на

Италијанската банка UniCredit воведува негативни каматни стапки, но само на депозитите поголеми од милион евра, соопштуваат од банката, ублажувајќи ги почетните намери за префрлање на дел од трошоците на клиентите. Европските банки пробуваат да најдат решение за намалување на приходите од кредитирање по одлуката Европската Централна Банка (ЕЦБ) за намалување на камтните стапки на нивните депозити уште подлабоко во негативно подрачје од 0,5 %. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange