Connect with us

Странски банки

Commerzbank забележа зголемен раст

Објавено

на

Напорната работа на германската „Commerzbank AG“ во потрага по добри перформанси започнува да се исплати во вториот квартал од годината, но по повисока од очекуваната цена.

Добивката и приходите на втората по големина берзански тргувана германска банка се покажаа повисоки од очекуваните за вторите три месеци од годината делумно благодарение на агресивното ширење на нејзиниот бизнис. Сепак, основните нивоа на капитал изненадувачки се намалија поради преземањето повеќе ризици во корпоративната кредитна книга.

„Commerzbank“ имаше тешкотии да го префрли силниот клиентски раст во дополнителни приходи поради ниските каматни стапки и силната конкуренција од други банки. Финансиска институција исто така си плаќа за постигнување на целта од дополнителни 2 милиони клиенти на мало во Германија за четирите години до 2020-та година, а во вторникот предупреди дека оперативните трошоци може да се покажат малку повисоки од очекуваното во оваа година.

„Што се однесува до инвестициската активност, регулаторниот придонес и трошоците за проекти, ние благо ги корегиравме нашите цели за трошоците за целата 2018-та година до 7,1 милијарди евра“, се вели во соопштението на главниот финансиски директор на банката Штефан Енгелс.

Главниот извршен директор на „Commerzbank“, Мартин Цилке вети дека ќе ги зголеми нејзините приходи до 9,8 милијарди евра – вредноста на која беа во 2015-та година, една година пред тоа тој да го објави својот план за реструктуирање на финансиската институција.

 

Странски банки

Акциите на словенечката НЛБ се прикажани на берзите во Љубљана и Лондон

Објавено

на

Со котација на акции на берзата, постапката за јавна понуда на акциите на НЛБ е завршена. Банката сега е во голема мера дисперзирана и државата има контролен удел. Во процесот на јавна продажба, државата продала 11.818.181 или 59,1% од сите акции на НЛБ по цена од 51,5 евра. Со воведувањето на специјалната опција за стабилизација, уделот може да се зголеми на 65%, а средствата за државата да достигнат 669,5 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Раст, иновации и предизвици на банкарскиот сектор во Обединетите Арапски Емирати

Објавено

на

Обединетите Арапски Емирати забележаа постојан економски раст во последните шест години. Годишниот раст на домашниот производ од 2010 година е на ниво од 4,4%, со кулминација во 2012 година кога се забележува раст од 7,2%. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Франција бара од швајцарска банка 1,6 милијарди евра отштета поради перење пари

Објавено

на

Француската држава, странка во судскиот процес против големата швајцарска банка УБС во Париз, побара „отштета од 1,6 милијарди евра“ за да го санкционира големиот „систем за измама и перење пари“.

(more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange