Connect with us

Криптовалути

„Coinbase“ се сели во Даблин порди Brexit

Објавено

на

„Coinbase“, една од најголемите американски платформи за размена на криптовалути, го проширува европското присуство, отворајќи канцеларија во Даблин, бидејќи неизвесноста околу „Brexit“ продолжува да ги принудува компаниите да создаваат планови со кои ќе ги заштитат нивните бизниси при непредвидени околности.

Зишен Фероз, извршен директор на „Coinbase“ во Велика Британија, изјави дека „кога размислуваме каде да биде локацијата на нашата втора европска канцеларија, Даблин беше логичен избор – тоа е англиското говорно подрачје земја членка на ЕУ, која се одликува со разновидност на високо квалификувани професионалци, претприемачки дух и долгорочна поддршка за технолошките иновации“.

Комисијата за приходите во Ирска ги објави насоките за трансакциите со криптовалутите уште во мај, за да одговори на прашањата од страна на компаниите и поединците. Поради неизвесноста околу „Brexit“, Даблин е позициониран како алтернатива за европските операции и на други компании.

Криптовалути

Symantec предупредува за постоење на скриени апликации кои “копаат” криптовалути

Објавено

на

Компанијата Symantec објави нов безбедносен извештај во кој предупредува за постоење на осум малициозни апликации коишто се пронајдени во склоп на Windows 10 апликацијата во официјалната продавница, Microsoft Store.

Се работи за апликации кои беа објавени во Microsoft Store помеѓу април и декември 2018 година и содржат компонента којашто служи за “копање” на криптовалутата Монеро, а тоа корисниците кои ја инсталирале Windows 10 апликацијата, не го знаеле. Спорните апликации во просек имале и повеќе од 2.000 рецензии, а веројатно и напумпани оценки.

Самите апликации биле претставени како нови интернет пребарувачи, алатки за репродукција на мултимедијални содржини и за преземање содржини од интернет, како и водичи за оптимизација на батериите. Се верува дека зад сите овие апликации стои еден  ист програмер или група на програмери.

По добивањето на деталите за овие малициозни апликации, Мајкрософт веднаш ги повлече од продажба.

Имињата на осумте контроверзни апликации за кои алармира Symantec се:

  1. Fast-search Lite,
  2. Battery Optimizer (Tutorials),
  3. VPN Browser,
  4. Downloader for YouTube Videos,
  5. Clean Master (Tutorials),
  6. FastTube,
  7. Findoo Browser 2019,
  8. Findoo Mobile & Desktop Search.
Продолжи со читање

Криптовалути

Шведска лансираше своја криптовалута!

Објавено

на

Една голема светска влада само што им додели огромен глас на доверба и легитимитет на криптовалутите. Шведската влада донесе Одлука за поддршка на криптовалутите и официјално ја лансираше својата круптовалута – Sweden coin. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Блокчејн технологијата ќе ја победи апокалипсата на криптовалутите

Објавено

на

Пред една година, идејата дека Биткоин и криптовалутите ќе го променат светот стана мислење за консензус. Денес, не толку многу. Дигиталната валута сега се тргува под 5.000 долари. Тоа е 77% од неговата висока вредност во близина од 20.000 долари во јануари.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange