Connect with us

Компании

Cisco купува стартап за сајбер безбедност

Објавено

на

Технолошката компанија „Cisco Systems“ најави дека планира да го купи стартапот за сајбер безбедноста „Duo Security“ за 2,35 милијарди долари во позадина на напорите на американскиот гигант да се насочи кон повеќе корисници со членства, подобрувајќи ги облачните услуги, пишува „Financial Times“.

Дејвид Грокелер, извршен потпретседател и генерален менаџер на мрежите и безбедноста, коментира за „Financial Times“ дека договорот е „силно стратешки“, бидејќи му овозможува на „Cisco“ да нуди поголема лична заштита во облакот, додека се обидува да го промени фокусот од хардверот кон софтверот.

Генералниот менаџер Даг Сонг ќе продолжи да го води „Duo“, чии 700 вработени ќе се вклучат во мрежниот и безбедносниот бизнис на „Cisco“.

Договорот се очекува да биде финализиран во вториот фискален квартал на „Cisco“ за 2019-та година.

Компании

„Алибаба“ го заобиколува Балканот, отвора логистички центар во Белгија

Објавено

на

Кинескиот гигант за е-трговија „Алибаба“ ќе отвори логистички центар во Белгија, со што е очевидна намерата да го заобиколи Балканот. Центарот ќе се наоѓа во белгискиот град Лиеж, на тромеѓето на границата со Германија и Луксембург, а во близина е и Брисел. Тоа е петти лигистички центар на таа компанија во светот. Во Европа веќе има во Франкфурт. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Џеф Безос: Амазон ќе пропадне и ќе банкротира

Објавено

на

Амазон еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, изјави нејзиниот основач Џеф Безос, одговарајќи на прашање за иднината на компанијата на неодамна одржаниот состанок со работниците. (more…)

Продолжи со читање

Компании

„Икеа“ се вклучува во борбата против загадувањето на воздухот

Објавено

на

Шведскиот ланец на продавници за мебел, „Икеа“, ќе почне со производство на продукти од земјоделски отпад во обид да им помогне на жителите на најзагадените градови во светот полесно да дишат. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange