Connect with us

Колумни

Chatbot и неговата важност за банките

Објавено

на

Прогресивниот напредок на технологијата забележа зголемување на бизниси кои се движат од традиционални на дигитални платформи за да ги задоволат потребите на потрошувачите. Chatbot претставува компјутерски програм дизајниран да симулира разговор со луѓето, најчесто преку интернет и работи врз база на вештачка интелигенција.

Постојат голем број на банки кои веќе користат chatbots за да ги сервисираат клиентите, користејќи ги во голема мера за да одговорат на едноставни, стандардни пребарувања. Сепак, овие chatbots ќе се подобруваат  со текот на времето, учејќи како да се справат со посложени прашања и да бараат помалку човечки интервенции на страната на банката. Ова е добра вест за клиентите, бидејќи тие ќе можат да добијат 24 часовна помош и поддршка. Секако, тоа е добро и за банката, бидејќи тоа им овозможува да го подобрат своето работење.

Како лидер на пазарот во мобилно банкарство, така и во спроведувањето на вештачка интелигенција во САД, Банката на Америка ја воведе Ерика (од зборот AmEricaa). Ерика е доволно паметна и може да испраќа известувања до потрошувачите, да обезбеди информации за билансот, да предложи како да заштедат пари, да отворат нови сметки и да им помогне на клиентите со едноставни трансакции. Од воведувањето, можностите на Ерика се проширија како напреден виртуелен асистент кој им помага на клиентите да донесуваат попаметни одлуки.

Ерика е достапна во апликацијата за мобилно банкарство на Банката на Америка. Клиентите можат да добијат помош преку глас или текст во врска со нивните банкарски проблеми. Овој банкарски разговор испраќа персонализирани препораки, понуди и совети по анализа на податоците на корисникот. Ерика, исто така, може да испрати едукативни видеа за финансии.

Сепак, роботите и вештачката интелигенција нема да го превземат светот, не сеуште. Вештачката интелигенција, ќе се користи и во центрите за комуникација со клиентите и во комбинација со човечка интелигенција, се добива максимална ефикасност во работењето. Всушност, со заедничка работа на компјутер и човек, на клиентите може да им се овозможи услуга на многу напредно ниво.

 

 

Колумни

Банкарство 2.0: Што претставува универзален банкар и зошто е потребен?

Објавено

на

Невозможно е да се оддели еволуцијата и усвојувањето на универзалните банкари од променливата улога на филијалата. Паѓањето на нивото на трансакции значи помалку филијали, а оние што остануваат се помали. Потребата за заштеда на трошоците за персонал ја забрза идејата дека помалку претставници на филијали треба да преземат повеќе должности. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Chatbots ќе играат главна улога во банкарството

Објавено

на

Не многу луѓе се чувствуваат удобно да им овозможат на другите да ја знаат состојбата на своите финансии – проверка на состојбата на трансакциската сметка, големина на хипотека, заеми, дури и колку личноста заработува. Парите, сепак, се приватни. Тоа е причината зошто chatbots ќе ја имаат главната улога во банкарството. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Електронска банка за правни субјекти – лесен и сигурен одговор на модерните предизвици

Објавено

на

Примарната дејност на Банките е да посредуваат помеѓу сопствениците на вишок капитал и оние кои имаат потреба од капитал. При извршувањето на својата дејност банките секогаш се трудат да ги задоволат потребите на клиентите, да го пратат и поддржуваат нивниот развој и да понудат беспрекорни услуги. Следејќи ги потребите на клиентите, пазарните движења и развојот на новите технологии, банките развиваат и усовршуваат платформи (меѓу кои и електронската банка), преку што ја унапредуваат соработката со своите клиенти, на начин кој значително им го олеснува работењето, особено во платниот промет кој е суштинска банкарска операција. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange