Останато
Challenger – мобилна апликација која те наградува додека пешачиш и трчаш


Oвaa среда беше лансирана Challenger – македонска мобилна апликација која ги наградува корисниците кои пешачат, трачаат и планинарат, и истата има за цел да ја подигне свеста за аерозагадувањето како и да учествува во намалување на истото. Со Challenger, секој поминат зелен километар носи поени, кои потоа може да се заменат за попусти во локални бизниси. Исто така, со исполнување на зададени предизвици се добиваат и директни награди. Колку повеќе километри, толку повеќе Challenger поени кои носат попусти и награди.
“Идеата е да се натпреваруваме, меѓусебно да се мотивираме и да ги намалуваме CO2 емисиите во воздухот, а најважно е дека при овој процес создаваме нови локални супер еко херои. Challenger им помага на луѓето преку визуализација на намалени CO2 eмисии, да согледаат како секоја мала активност го подобрува општеството. Со оваа апликација создаваме група на луѓе и бизниси кои меѓусебно се поддржуваат, инспирираат и натпреваруваат со цел да станат општествено одговорни.” – изјавуаат од тимот.
Оваа апликација која е креирана од млади луѓе, во пресрет на зимата, ќе помогне секој нејзин корисник да се придружи на борбата за почист воздух. Наскоро, на оваа апликација ќе се наградуваат и километрите поминати на велосипед.
Мобилната апликација е бесплатна и достапна за сите корисници на Android и iOS.
Време е да ја вклучиме човечката моќ (Human Power ON) и да делуваме на климатските промени, па денес е одличен ден да почнете да ја користите Challenger и да освојувате награди и попусти.
Останато
СИСТЕМОТ КОНЕЧНО АЖУРИРАН – Корисниците на МојДДВ може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки


Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки. (more…)
Останато
ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОК – Луѓето поминуваат по 4 до 5 часа во просек на ден на мобилните апликации!?


Истражувачите на пазарот на мобилни апликации открија дека потрошувачите поминуваат се повеќе време со своите паметни телефони. Според истражувањето на „data.ai” (порано App Annie) во 13 земји, луѓето моментално посветуваат 4 до 5 часа од својот ден на мобилни апликации. (more…)
Останато
Поголем дел од светската популација ќе користи дигитални паричници до 2026 година


Повеќе од пет милијарди луѓе ќе користат дигитални паричници до 2026 година. Водечки фактор во нивното ширење ќе бидат „супер-апликациите“ кои ќе го поттикнат нивното усвојување меѓу луѓето, особено во земјите во развој, според глобална студија. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје