Connect with us

Останато

Cashback World и РК Вардар ја продолжуваат успешната заедничка соработка

Објавено

на

Меѓународната куповна заедница – Cashback World и ракометниот клуб „Вардар“ продолжуваат со градењето на успешната приказна со повеќекратни придобивки за сите.

Продолжувањето на ова партнерство претставува логичен редослед за двата бренда, имајќи ги предвид бројните позитивни искуства во текот на изминатиот период. Cashback програмата за лојалност, специјално подготвена за фановите на „Вардар“, беше одлично прифатена, а тоа го потврдуваат и големиот број ново-издадени Вардар Cashback картички за 1 година.

Оваа соработка и специјалната програма за лојалност им овозможуваат на фановите на клубот да бидат сопственици на брендирани Вардар Cashback картички, чии придобивки можат да ги користат во СЦ Јане Сандански, но и кај повеќе од 120.000 трговски партнери ширум светот. Со својата картичка, корисниците освен што ќе ги користат придобивките за купување и ќе си обезбедат до 5% поврат на средства и Shopping Points кои можат да ги искористат за специјални понуди, тие директно го поддржуваат својот омилен клуб.

Имено, во изминатиот период, фановите корисници на Вардар Cashback картичките директно придонесоа за поддршката на младите таленти на клубот, бидејќи до 1% од сите купувања направени преку Вардар Cashback програмата одат директно за младите таленти.

Веќе неколку години, Cashback World е вклучен во спортот и воспостави многубројни соработки во полето на фудбалот, мотоциклизмот, хокејот и ракометот. Како примери кои вреди да се споменат се соработките со MotoGP™, SK Rapid Wien како и со Европската Ракометна Федерација за турнирот VELUX EHF FINAL4 од Европската Лига на Шампиони.

Повеќе информации за Вардар Cashback програмата се достапни на www.vardar-cashback.mk

За Cashback World:
Cashback World, дел од Групацијата myWorld, e меѓународна шопинг заедница која им нуди на своите членови атрактивни шопинг придобивки во форма на поврат на парични средства, или пак шопинг поени кои понатаму може да се користат за различни пазарувања. Cashback World комбинира реален и дигитален шопинг, кој всушност го претвора пазарувањето во искуство. Како најголема шопинг заедница, Cashback World нуди на своите членови можност да заштедат пари кога пазаруваат во над 120 илјади места ширум целиот свет. Во Македонија, Cashback World е распространета во повеќе од 2000 различни продавници и објекти, во сите трговски сектори, почнувајќи од прехранбени производи, бензински пумпи, ресторани и барови, преку мебел и домаќинство, производи за нега и убавина, облека и чевли, па сѐ до автомобили, градежништво, одмор и релаксација и најразлични видови услуги. Повеќе информации www.cashbackworld.com/mk

Останато

Арсовска со висока награда во Дубровник: „Трите К“ – најголем предизвик за претприемачите

Објавено

на

Сојузот на стопански комори (ССК) учествува на 6. Регионален самит на претприемачи кој на високо ниво се одржува во Дубровник, Хрватска. Претседателот на ССК, Данела Арсовска,  учествува на панел сесијата посветена на улогата на деловните организации во развој на претприемништвото  на национално ниво и предизвиците со кои претприемачите се соочуваат. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Градежна комора: Растот на трошоците го диктира растот  на цената на квалитетните станови

Објавено

на

Градежната комора на Македонија информира дека трендот на пораст на трошоците за градежни материјали, но и за вработените во градежните компании се случува во континуитет. Последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) само ја потврдуваат состојбата и покажуваат дека трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во четвриот квартал од минатата година во однос на тој квартал од претходната година, се повисоки за 5,9 отсто, трошоците за материјали се повисоки за 3,2 отсто и трошоците за вработените се повисоки за 13 отсто. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории

Објавено

на

Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории е предвидено во работната верзија на Законот за платежни услуги и платни системи што го подготвува Министерството за финансии во соработка со Народна банка, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишување на Меморандум за финансиска инклузија.

“Работната верзија предвидува сметката со основни функции да биде бесплатна за ранливите категории, односно по закон ќе добијат бесплатни услуги за отворање, водење сметка, уплати и исплати. За останатите потрошувачи, платежната сметка со основни функции ќе биде со разумен надоместок. Ќе напоменам, дека за да се отвори сметката, граѓаните не треба да поседуваат друга сметка со основни функции на свое име, како и дека на оваа сметка нема да можат да одат во минус”, изјави министерот за финансии Тевдовски.

Исто така, се воведуваат решенија во Законот за платежни услуги и платни системи, што ќе доведат до либерализација на пазарот на платежни услуги. Ова ќе придонесе за засилена конкуренција и нови, иновативни начини на плаќање, лесно достапни и со помали трошоци, рече Тевдовски.

Тевдовски посочи дека ова е првиот чекор кон поголема финансиска инклузија, што предвидува сите да имаат пристап до финансиски услуги и тоа на лесно достапен, безбеден начин и под прифатливи цени.

“Придобивките од финансиската инклузија се повисок раст на БДП и помала доходовна нееднаквост. Анализите на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека преку обезбедување на пристап до сметки, кредити, за жените, за ранливите категории, се овозможува побрз и поинклузивен економски раст. Друга придобивка од финансиската инклузија е дека таа привлекува повеќе луѓе во формалниот сектор, што во фискалниот дел значи повеќе приходи во буџетот. Повеќе приходи во буџетот пак значат подобро здравство, образование, инфраструктура и други јавни услуги”, рече Тевдовски.

Финансиската едукација е исто така значаен инпут во финансиската инклузија, рече министерот за финансии. Тој ги повика заинтересирани училишта кои би сакале да организираат посети за учениците на Министерството за финансии или да им се организираат предавања во училиштата, да се пријават на маилот edukacija@finance.gov.mk.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange