Connect with us

Пакети

Cashback World и Вардар Скопје започнаа соработка

Објавено

на

Вардар Скопје и меѓународната Куповна Заедница Cashback World, управувана од Lyoness ги здружија силите во Македонија. Преку оваа соработка, Вардар Скопје ќе стане дел од меѓународната Куповна Заедница, која моментално брои преку 7 милиони Членови, а сето тоа преку Вардар Cashback Програмата.

Новата Вардар Cashback Картичка може да се користи во 47 држави насекаде во светот и при секое купување направено со оваа картичка кај Трговските Партнери, фановите ги поддржуваат младите таленти на клубот.

Како дел од оваа соработка, Cashback World, управуван од Lyoness му дава на располагање на Вардар Скопје иновативна Лојална Програма за фановите, која ја вклучува Вардар Cashback картичката, Cashback App., како и онлајн портал за купување во дизајнот на клубот. Освен тоа, ќе бидат преземени многубројни заеднички маркетинг активности кои ќе бидат во полза како за фановите, така и за клубот.

Меѓународната куповна заедница ни овозможува да допреме до голем број од нашите фанови. На овој начин, тие не само што ќе добиваат атрактивни предности при пазарувањето, туку и ќе ги поддржуваат младите играчи на клубот со секое направено купување кај Трговските Партнери. Членовите на Вардар Cashback Програмата од целиот свет ќе ги поддржуваат на овој начин нашите млади таленти”, изјави Давор Стојаноски, Извршен директор на РК Вардар.

Како функционира Вардар Cashback програмата?
– За секое купување направено кај онлајн или офлајн Трговските Партнери, Членовите на Вардар Cashback Програмата ќе добијат до 5% Cashback и дополнително ќе собираат Shopping Points, кои можат да ги искористат за специјални понуди.
– Членовите на Вардар Cashback Програмата можат да ги добијат овие предности при пазарувањето кај некој од 75.000 Трговски Партнери на Cashback World во 47 земји во светот, од кои 650 се наоѓаат во Македонија.
– До 1% од сите купувања направени од страна на фановите преку Вардар Cashback Програмата ќе одат директно за поддршка на младите таленти на клубот.
– Програмата им овозможува дури и на најмалите компании да станат дел од меѓународната Куповна Заедница и да им даваат предности за пазарување на своите потрошувачи.

За Вардар Скопје Структурата на клубот Вардар Скопје вклучува ракомет (мажи и жени) и фудбал. Во сезоната 2016/2017, машкиот ракометен клуб на Вардар Скопје ја освои престижната VELUX EHF FINAL4 Лига и на тој начин стана победник на Лига на Шампиони за прв пат. Фудбалскиот тим ја има моментално македонската шампионска титула и игра во УЕФА Лига Европа.

За Cashback World operated by Lyoness Една од таргетните групи на Cashback World се потрошувачите во целиот свет кои сакаат да заштедат пари (Cashback и Shopping Points) при пазарувањето во продавница или онлајн. Cashback Solutions е наменета за сите компании кои сакаат да користат меѓународна мултисекторска лојална програма. Cashback World, управуван од Lyoness е моментално активен во 47 земји.

7 милиони Членови ги користат предностите при пазарувањето кај речиси 75.000 Трговски Партнери низ целиот свет. Веќе неколку години, Cashback World е вклучен во спортот и воспостави многубројни соработки во полето на фудбалот, мотоциклизмот, хокејот и ракометот. Како примери кои вреди да се споменат се соработките со MotoGP™, SK Rapid Wien како и со Европската Ракометна Федерација за турнирот VELUX EHF FINAL4 од Европската Лига на Шампиони.

 

Домашни банки

Пакет УНИ ИНОВАЦИЈА – нов пакет услуги од УНИБанка за компании преку ФИТР

Објавено

на

УНИБанка и Фондот за иновации и технолошки развој потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка, со кој се отвораат нови можности за финансирање и олеснување на пристапот до финансиски средства за микро, малите и средни претпријатија. Најголем дел од поволностите и овој пат ќе бидат обезбедени за старт-ап компании. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Силк Роуд Банка АД Скопје и ФИТР со нова соработка за олеснет пристап до финансии на иновативните компании

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје и Фондот за иновации и технолошки развој потпишаа Меморандум за соработка, со цел олеснет и зголемен пристап до финансиски средства и банкарски производи и услуги, за најиновативните домашни компании.

(more…)

Продолжи со читање

Пакети

Пакет 6енефити само за тебе од Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола понуди нов промотивен ПАКЕТ 6 (Пакет 6енефити), пакет на производи со единствени услови кој одговара на сечии потреби. (more…)

Продолжи со читање


Популарно