Connect with us

Останато

Cashback world едукација: Запознајте ја групацијата Мy World

Објавено

на

Можеби многумина се запрашале што точно претставува Cashback World и кои се придобивките и предностите од членството во оваа меѓународна шопинг заедница. Често поставуваните прашања како: што е Cashback World, дали е вистина дека нуди бројни придобивки, како да станам корисник на картичка, или пак каде сѐ може да се користат Cashback World картичките, нè поттикна да посветиме едукативна серија на текстови, кои на корисниците ќе им го доближат и објаснат механизмот на кој овој свет функционира.

Во една едноставна реченица –  Cashback World не претставува никаква стигма, туку безброј поволности при купувањето на илјадници места ширум Македонија и светот.

За да нема недоразбирања, одлучивме да го објасниме на што поедноставен начин, меѓутоа за да разберете што претставува Cashback World, пред сѐ треба да разберете што претставува групацијата myWorld, која всушност го обединува Cashback World со уште два други брендови под една капа.

Со Cashback World брендот за пазарување, потрошувачите можат да имаат повеќе различни придобивки од меѓународната Cashback World заедница. Можат да уживаат атрактивни шопинг придобивки, како поврат на средства и шопинг поени.

Со Cashback Solutions, myWorld им овозможува на малите и средни претпријатија економична и иновативна програма за лојалност на клиентите која им овозможува да станат дел од овој глобален шопинг-свет.

Брендот White Label Solutions, пак, им овозможува на клубовите и организациите со голема база на членови, како и на големите компании, да ги овозможат придобивките од
Cashback World на своите членови, потрошувачи или вработени.

Cashback World е меѓународна шопинг заедница која им нуди на своите членови атрактивни шопинг придобивки во форма на поврат на парични средства, или пак шопинг поени кои понатаму може да се користат за различни пазарувања. Cashback World е пионер кога станува збор за шопинг. Комбинира реален и дигитален шопинг, вистинско искуство со производот, како и дигитални информации, и тоа со степен на флексибилност, како никаде на друго место. Главниот фокус на Cashback World вклучува услуга, забава, индивидуалност и транспарентност. Cashback World всушност го претвора пазарувањето во искуство.

Како најголема шопинг заедница, Cashback World нуди на своите членови можност да заштедат пари кога пазаруваат на бројни места ширум целиот свет. За секое купување во еден од 120-те илјади трговци кои се во мрежата на Cashback World, членовите добиваат до 5% поврат на средства или пак вредни Шопинг поени, кои можат да бидат искористени во замена на ексклузивни „Shopping Point Deals“ кај трговските партнери. На тој начин, членовите на Cashback World можат да уживаат во мноштво од попусти на повеќе услуги или производи.

А, кога зборуваме за трговските партнери, во Македонија Cashback World е распространета во повеќе од 2000 различни продавници и објекти, во сите трговски сектори, почнувајќи од прехранбени производи, бензиснки пумпи, ресторани и барови, преку мебел и домаќинство, производи за нега и убавина, облека и чевли, па сѐ до автомобили, градежништво, одмор и релаксација и најразлични видови услуги. Целосната листа на партнери може да се погледне овде.

Истовремено, членовите можат да уживаат и во неверојатниот свет на онлајн шопинг. Бројните меѓународни онлајн компании лесно може да се најдат преку веб-страницата на
Cashback World, а пак оние кои сакаат да купуваат во продавница, треба само да ја покажат својата Cashback картичка за да ги искористат предностите на купувањето.

До следниот едукативен текст, дознајте повеќе на www.cashbackworld.com

Останато

Арсовска со висока награда во Дубровник: „Трите К“ – најголем предизвик за претприемачите

Објавено

на

Сојузот на стопански комори (ССК) учествува на 6. Регионален самит на претприемачи кој на високо ниво се одржува во Дубровник, Хрватска. Претседателот на ССК, Данела Арсовска,  учествува на панел сесијата посветена на улогата на деловните организации во развој на претприемништвото  на национално ниво и предизвиците со кои претприемачите се соочуваат. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Градежна комора: Растот на трошоците го диктира растот  на цената на квалитетните станови

Објавено

на

Градежната комора на Македонија информира дека трендот на пораст на трошоците за градежни материјали, но и за вработените во градежните компании се случува во континуитет. Последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) само ја потврдуваат состојбата и покажуваат дека трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во четвриот квартал од минатата година во однос на тој квартал од претходната година, се повисоки за 5,9 отсто, трошоците за материјали се повисоки за 3,2 отсто и трошоците за вработените се повисоки за 13 отсто. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории

Објавено

на

Бесплатни банкарски сметки за ранливите категории е предвидено во работната верзија на Законот за платежни услуги и платни системи што го подготвува Министерството за финансии во соработка со Народна банка, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишување на Меморандум за финансиска инклузија.

“Работната верзија предвидува сметката со основни функции да биде бесплатна за ранливите категории, односно по закон ќе добијат бесплатни услуги за отворање, водење сметка, уплати и исплати. За останатите потрошувачи, платежната сметка со основни функции ќе биде со разумен надоместок. Ќе напоменам, дека за да се отвори сметката, граѓаните не треба да поседуваат друга сметка со основни функции на свое име, како и дека на оваа сметка нема да можат да одат во минус”, изјави министерот за финансии Тевдовски.

Исто така, се воведуваат решенија во Законот за платежни услуги и платни системи, што ќе доведат до либерализација на пазарот на платежни услуги. Ова ќе придонесе за засилена конкуренција и нови, иновативни начини на плаќање, лесно достапни и со помали трошоци, рече Тевдовски.

Тевдовски посочи дека ова е првиот чекор кон поголема финансиска инклузија, што предвидува сите да имаат пристап до финансиски услуги и тоа на лесно достапен, безбеден начин и под прифатливи цени.

“Придобивките од финансиската инклузија се повисок раст на БДП и помала доходовна нееднаквост. Анализите на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека преку обезбедување на пристап до сметки, кредити, за жените, за ранливите категории, се овозможува побрз и поинклузивен економски раст. Друга придобивка од финансиската инклузија е дека таа привлекува повеќе луѓе во формалниот сектор, што во фискалниот дел значи повеќе приходи во буџетот. Повеќе приходи во буџетот пак значат подобро здравство, образование, инфраструктура и други јавни услуги”, рече Тевдовски.

Финансиската едукација е исто така значаен инпут во финансиската инклузија, рече министерот за финансии. Тој ги повика заинтересирани училишта кои би сакале да организираат посети за учениците на Министерството за финансии или да им се организираат предавања во училиштата, да се пријават на маилот edukacija@finance.gov.mk.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange