Connect with us

Осигурување

Бројот на на претставки решени во корист на незадоволни осигуреници зголемен за 220%

Објавено

на

Во првите шест месеци годинава врз основа на претставки примени од незадоволни осигуреници АСО на три осигурителни друштва им изрече четири мерки од кои две се парични глоби.

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), заклучно со 30 јуни годинава, доби 82 претставки од осигуреници кои биле незадоволни од работата на осигурителните компании. Во споредба со истиот период лани, годинава бројот на поднесени претставки е двојно зголемен.

Од вкупно 82 претставки во првото полугодие годинава 16 се решени во корист на подносителите т.е. осигурениците кои во АСО пријавиле дека се незадоволни од тоа како компанијата ја решила пријавената штета. Тоа е за 220 отсто повеќе решени претставки во корист на осигурениците во споредба со истиот период минатата година.

Во 21 случај причина за претставката била висината на надоместокот што осигурителното друштво го понудило за компензација на настанатата штета. Тие претставки не се процесирани затоа што АСО не одлучува за висината за понудениот надоместок за штета.

Во корист на компаниите се решени 34 од сите поднесени претставки. За седум претставки е утврдено дека се поднесени без основ, две се повлечени од страна на подносителите, а за уште две постапаките се во тек.

Од аспект на видот на осигурување најмногу претставки – 33 се поднесени за штети настанати кај осигурување од автомобилска одговорност (најзастапената класа на осигурување која е задолжително со закон). За оштетни побарувања покриени со осигурување од незгода биле поднесени 19 претставки, а девет поднеле незадоволни осигуреници од осигурување имот. Пет претставки се за осигурување живот, две за здравствено осигурување, а по една за осигурување посеви и плодови, патничко осигурување, каско осигурување, осигурување финансиски загуби и осигурување од ошта одговорност. Две претставки се поднесени за останатите видови осигурување.

Како причина за незадоволството на осигурениците во 29 случаи бил основот за исплата на штета, а во 21 случај висината за надоместокот. На рокот во кој компанијата треба да одговори по приговор се жалеле петмина подносители на претставки. По четири претставки има за рокот за обработка на штета и за исплата на надоместок, а две за висината на регрес. Уште десет претставки се поднесени по останати основи за поднесување.

Најмногу претставки во првото полугодие годинава се поднесени за работењето на „Уника“ – 13. По девет претставки се поднесени за „Халк Осигурување“, „Граве неживот“ и „Еуролинк Осигурување“. Осум за „Винер“, по пет претставки поднеле осигуреници за работата на „Кроација живот“ и „Евроинс“. По четири претставки се поднесени за „Сава осигурување“, „Триглав Осигурување“ и за работата на „Осигурителна полиса“. По една претставка за: АДОР „Македонија“, „Кроација осигурување – неживот“, „Граве“, Националното биро за осигурување  и осигурителното брокерско друштво „СН Брокер“. Во овој период нема претставки од осигуреници на: „Винер лајф“, „Триглав живот“ и на „Уника живот“.

Од вкупниот број на поднесени претставки 67 се поднесени од граѓани, а 15 поднеле правни лица.

Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или ако не добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разледува анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка.

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.

Осигурување

Осигурителни компании исплатија 1,9 милиони евра за штети од град и мраз, 72% од вредноста на сите земјоделски штети

Објавено

на

Градот и мразот се најизразени ризици во земјоделското осигурување. Во првите шест месеци годинава над 70 отсто од вредноста на сите исплатени штети во земјоделството и сточарството се поради последници од овие природни непогоди. Затоа што земјоделците ги препознаваат градот и мразот како најголеми опасности најмногу вложуваат во осигурување од овие ризиците. За првите шест месеци вредноста на купени полиси кои осигуруваат од град и мраз достигна 5 милиони евра или 26 отсто повеќе од истиот период лани. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Standard & Poor’s го потврдија „А“ рејтингот на Сава Ре и Заваровалница Сава

Објавено

на

Согласно редовниот годишен преглед на рејтингот, Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард енд Пурс го потврди силниот рејтинг „А“ за финансиска моќ на Сава Ре а.д. и Заваровалница Сава а.д. Како што се наведува, прогнозата е „ стабилна “. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Исплатените штети за приватно здравствено осигурување пораснаа за 87,5 %, достигнаа 1,5 милиони евра

Објавено

на

Во првите шест месеци годинава бројот на договори за купени полиси за приватно здравствено осигурување пораснал за 48 отсто. Вложувањата на осигурениците во ова осигурување достигнале 3,8 милиони евра. Осигурителните компании за првото полугодие за пријавени штети исплатиле 87,5 отсто повеќе средства во однос на истиот период 2020 година. (more…)

Продолжи со читање



Популарно