Connect with us

Business Man

Интервју со Јоцо & Богдан, креатори на мобилната апликација “BonusCard”

Објавено

на

Секој од нас, барем еднаш во животот бил револтиран поради фактот дека во секојдневието располагаме со 10-тина картички (за попуст, за собирање на поени, дебитни, кредитни картички, итн) кои ни зафаќаат драгоцен дел од паричниците.

Но, Јоцо Тодоровски и Богдан Ничовски револтот кон пластиките успешно го конвертирале во одлична бизнис идеја која се вика виртуелен паричник за картичките – BonusCard.

Јоцо Тодоровски (лево) и Богдан Ничовски (десно)

Во продолжение разговараме со нив околу почетоците и идните планови поврзани со оваа иновација.

Банкарство: Кажете ни нешто повеќе за почетоците на BonusCard, како дојдовте до идеата за креирање на ваква апликација?

Јоцо & Богдан: Краткиот одговор е “од мака”. 🙂 Дома се собираат постојано картици за попуст/членство. Неколку пати се случи да сме излезени и јас да мислам дека картицата ја носи сопругата, таа да мисли дека јас ја носам, па ако картицата е кај неа, а јас сум на каса па ми ја слика, па ми ја праќа по Viber, па не ја скенира скенерот… Кулминацијата беше во декември минатата (2018та) година кога за празниците пак имаше хаос со картиците и му пишав на Богдан дали сака да направиме еден брз проект и да го решиме овој проблем. Му се допадна идејата и еве не сега со интервју на bankarstvo.mk 🙂

Банкарство: Кои беа и сеуште се најголеми предизвици со кои се соочувате при развивањето на апликацијата?

Јоцо & Богдан: Најголемиот предизвик во овој период е отвореноста на компаниите кон дигитализација на картичките за лојалност. Поточно, некои компании одбиваат да дозволат нивните клиенти на каса да покажат дигитална верзија од нивната картичка за лојалност/попуст. Но, имаме напредок и после еден месец постоење, гледаме како се повеќе и повеќе компании се отворени за да дозволат нивните клиенти да ја користат BonusCard за да ја чуваат и покажат картичката за попуст.

Банкарство: Колку корисници има регистрирано и дали имате статистика за тоа колку пати е искористена персонализирана картичка во апликацијата наместо класична картичка за поени?

Јоцо & Богдан: Во моментов кога го правиме ова интервју имаме над 5.000 активни корисници. Според статистиката со којашто располагаме, досега корисниците “покажале” картичка преку BonusCard 31.322 пати.

Банкарство: Покрај фактот дека Македонците во суштина се зависници од банкарски платежни картички (секој од нас има по неколку), дали подеднакво се застапени и картичките за бонус поени?

Јоцо & Богдан: Да, дефинитивно. Затоа и постои BonusCard. Во смисла, прво направивме “истражувачка кампања” во којашто прашавме отворено дали ова е проблем и доколку да, кои картици Ви го кинат паричникот во моментот. Од она што го видовме секој има по 5-6 картици бидејќи секој сака подобри услови кога оди да купува нешто.

Дури и во самите reviews на апликациите, нашите корисници споделуваат сценарија од типот: “доаѓам на каса, истурам 15 картици, ја барам онаа што ми треба, потоа ги собирам и ги враќам во чанта”.

Банкарство: Дали во иднина може да очекуваме да се дигитализираат и банкарски картички?

Јоцо & Богдан: Има неколку сегменти тука. Првиот е дали е технички возможно ова. Веќе има проекти/софтверски продукти во Европа што го овозможуваат ова дигитализирање на дебитните/кредитните картички. Вториот е дали луѓето се подготвени за ваков подвиг. Од она што можеме да го видиме со BonusCard веќе имаме барања и прашања од типот “Дали можам и картичката од Х банка да ја додадам во BonusCard. Третиот сегмент се институциите поврзани со финансиското работење во Македонија. Овде мислиме дека ќе оди бавно работата и сметаме дека одговорот на ова прашање најмногу зависи од колку брзо ќе се дигитализираат и унапредат процесите на институционално ниво.

Банкарство: Во која насока планирате да ја развивате апликацијата?

Јоцо & Богдан: Во последниот месец сме во директен контакт со корисниците и со компаниите. Првичната идеја беше да им помогнеме на луѓето да не си ги кинат паричниците и да не се фрустрираат на каса кога ќе заборават картица или не можат да ја најдат во чантите. Но, сега одиме чекор понатаму и призмата малку се зголеми бидејќи сакаме да им помогнеме на компаниите да направат подобри програми за лојалност и да го подобрат шопинг искуството на корисниците на BonusCard.

Банкарство: Претпоставувам дека сте во постојана комуникација со компаниите кои имаат сопствени бонус картички, каква е нивната реакција кога им ја презентирате идејата?

Јоцо & Богдан: Новите работи секогаш побудуваат доза на страв. Првичната реакција е дали е ова безбедно? Дали штом го скенираме баркодот од апликацијата ќе бидат регистрирани поените кај нас во систем? На што одговараме дека функцијата на BonusCard е само да ги дигитализира физичките картички. Во превод со скенирањето на баркодот, луѓето правата дигитална верзија на картичката што ја зачувуваат во нивниот телефон. Ние немаме пристап до картичките ниту до системите на компаниите. Така што да, сево ова е безбедно и за корисниците и за компаниите.

Банкарство: Имате ли повратна информација дали купувачите веќе самите бараат да внесат бонус поени преку апликацијата?

Јоцо & Богдан: Да. Секојдневно имаме по 15-ина различни барања. Веќе им овозможивме на корисниците сами да внесуваат картички што ги нема на листата.

Дополнително, (како што напоменав и претходно) имаме прашања и барања дали ќе биде возможно во иднина да се додадат и дебитните картички во BonusCard како и картичките за градски превоз.

 

Business Man

ЈА ОСТВАРИ ПОСАКУВАНАТА ЦЕЛ – Илон Маск стана најбогатиот човек во светот!

Објавено

на

Илон Маск стана најбогатиот човек во светот, а неговото богатство надминува 185 милијарди долари, објави „BBC”. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ

Објавено

на

Досегашниот извшрен директор на Финансиското друштво Дајнерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ Скопје, Божидар Јанковски стана сопственик на компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Илон Маск го зголеми своето богатство за неверојатни 100 милијарди долари оваа година

Објавено

на

Финансиските извештаи од целиот свет пред неколку години укажуваа на зголемување на јазот меѓу богатите и сиромашните и на последиците за општеството од тоа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно