Connect with us

Платежни картички

“Black friday” шопинг лудило со картичките на American Express

Објавено

на

Почнувајќи од овој петок 29-ти ноември започнува “black Friday” шопинг лудилото за корисниците на American Express картичките издадени од Силк Роуд Банка АД Скопје.

Со секоја трансакција со картичките направена на ПОС терминал во продавниците на Zara, Massimo Dutti, Straparius, Bershka, Pull & Bear, Superdry, Springfield, Women’secret, Levi’s, Mango, Parfois и Timberland, корисниците добиваат 10% поврат на средствата од износот на направената сметка со картичките. Повратот на средствата се однесува за сите купени производи во продавниците, без ограничување и без разлика дали производите се веќе со намалени цени на попуст или не.

За треската да е уште поголема, повратот на средства од 10% ќе важи во сите горенаведени продавници и во текот на наредната недела односно заклучно до 4-ти декември.

Силк Роуд Банка АД Скопје е единствен и ексклузивен издавач на American Express картичките. Доколку сеуште немате аплицирано за Аmerican Express картичка, истото можете да го сторите во експозитурите на банката, на веб страницата www.silkroadbank.mk или на телефонските броеви 02/3203 555 или 02/3289 477.

Платежни картички

Mastercard картичките на Капитал Банка со 3D Secure 2.0 протокол

Објавено

на

Капитал Банка ги известува своите почитувани клиенти дека отсега, Mastercard картичките на Банката се обезбедени по 3D Secure 2.0 протокол, со највисока меѓународна заштита при интернет трансакции. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Халкбанк корисниците на платежни картички Mastercard отсега ќе можат да плаќаат бесконтактно со нивниот мобилен уред преку новата апликација HalkPay

Објавено

на

Од 3 јули клиентите на Халкбанк кои се корисници на платежни картички Mastercard, а имаат мобилен уред со оперативен систем „Андроид“, од Google Play Store ќе можат да ја преземат апликацијата за бесконтактно плаќање HalkPay. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Комерцијална банка овозможува бесплатно користење на апликацијата KomPay до 31.12.2020 година

Објавено

на

До 31.12.2020 година може бесплатно да се дигитализираат две Mastercard картички на мобилната апликација KomPay на Комерцијална банка АД Скопје. Продолжувањето на промотивниот период за користење на апликацијата за бесконтактно плаќање е согласно мерките што ги презема Банката за заштита на здравјето на клиентите и на вработените од вирусот Covid-19. (more…)

Продолжи со читање

Популарно